Коалицијата ВЛЕН продолжува да стои цврсто зад земјоделците, нашите херои кои се темел на економскиот развој. Со гордост објавуваме дека Владата, во која учествува и ВЛЕН, издвои 1 милијарда денари за исплата на заостанатите субвенции, со што 9.000 земјоделци ќе ги добијат своите заслужени средства. Многу од овие храбри луѓе чекаа дури 4 години за поддршка, но со нашата прва одлука, преку ребалансот на буџетот, обезбедивме средства за да ја исправиме оваа неправда.
Наша обврска е до крајот на годината да нема повеќе задоцнувања во исплатата на субвенциите, за да може секој земјоделец да работи без стрес и неизвесност. Коалицијата ВЛЕН е тука да им овозможи на земјоделците стабилност и поддршка, за да можат да се фокусираат на она што најдобро го знаат – да произведуваат и да обезбедуваат благосостојба за своите семејства и за нас.
Нашето домаќинско работење и одговорноста кон граѓаните ќе резултираат во значајна поддршка за земјоделското производство и развој на економијата. ВЛЕН е симбол на нова надеж и доверба во институциите. Ние сме тука даисправиме неправди и да осигуриме дека нашите земјоделци го добиваат она што го заслужуваат. Заедно, ќе изградиме иднина во која земјоделците ќе бидат почитувани, поддржани и вреднувани како што заслужуваат!