27.8 C
Скопје
15/03/2025 13:50
МАКТЕЛ

    

Влијанието на фан заедниците врз поп културата: Како Македонија се вклучува во светските трендови?

      

                              Од „Ежот Соник“ (Sonik the Hedgehog), „Војна на ѕвездите“ (Star Wars), световите на „Марвел“ (Marvel) и „Ди-Си“ (DC), до „Воен чекан: 40.000“ (Warhammer 40k) и аниме – фан културата еволуираше во моќна сила која не само што ги обликува индивидуалните идентитети, туку ги редефинира индустриите, трендовите и културните пејзажи. Во меѓувреме, македонските фан заедници продолжуваат да растат, и покрај ограничените ресурси и настани

Автори: Гоше Николов и Христијан Крстевски

   

Кога во 2019 година беше претставен првичниот дизајн на мегапопуларниот еж „Соник“ за првпат адаптиран на филмското платно, трејлерот за долгоочекуваниот филм „Sonic the Hedgehog“ наиде на гласни реакции. Обожавателите беа огорчени од чудниот изглед на ликот, особено од неговите човечки заби и необични пропорции кои отстапуваа од иконскиот изглед на ежот во добропознатата видеоигра.

Негативните реакции беа огромни, што ја натера продукцијата да го одложи објавувањето на филмот и да го редизајнира Соник за повеќе да наликува на неговиот оригинален дизајн од игрите. Наместо во ноември 2019 година, филмот „светлото на денот“ го виде три месеци подоцна – во февруари 2020. Овој случај претставува само еден од многуте значајни моменти за влијанието на обожавателите врз обликувањето на креативните одлуки во забавната индустрија.

„И јас учествував во тој outrage [бес] на социјалните мрежи. Искрено, кога сите го видовме оригиналниот дизајн на Соник во првиот филм, беше ужасно и сите реагиравме. Беше очигледно дека сакаме да успее филмот, сакавме да платиме за да го гледаме и да биде добар, а не само да си ги дадеме парите. Беше зачудувачко што воопшто нè послушаа“, вели Софија Шахпаска. Таа има 23 години, работи како графички дизајнер и илустратор, а во слободно време собира видеоигри и фигури, како и додатоци за виртуелна реалност.

Споредба на првичниот дизајн на Соник објавен во првиот трејлер во 2019 (лево) и финалниот дизајн во филмот „Sonic the Hedgehog“ (десно) / фото: социјални мрежи

Софија е фан на „Соник“ уште од свои пет години, кога почнала да го гледа на телевизиските екрани и во видеоигрите. „Кога бев на премиерата на ‘Соник’ филмот кај нас, се запрепастив кога видов колку деца и тинејџери беа дојдени. Ми го стопли срцето. Сето тоа беше само заради тоа што на интернет се побунија некои вакви фанови како мене“, вели Софија. „Како инаку ќе привлечеш нови луѓе во франшизата ако не си ги слушаш тековните фанови што ти кажуваат? Така франшизата станува поголема“, додава таа.

Софија Шахпаска / фото: Х.К.
Фан културата еволуираше во движечка сила со огромни импликации за индустриите како оние за видеоигри и за филмови. На глобално ниво, само гејминг индустријата во 2023 година беше проценета на над 280 милијарди американски долари, надминувајќи ги филмската и музичката индустрија заедно.

Финансиското влијание на кампањите водени од фановите, исто така, не е за потценување. Еден од најзабележителните примери е кампањата #ReleaseTheSnyderCut, која беше проследена со преку еден милион твитови и предизвика огромен притисок врз „Ворнер Брос“ за да ја објави оригиналната верзија на „Лига на правдата“ (Justice League) на Зак Снајдер. Ова движење предводено од фановите резултираше со повторно објавување на филмот, што го чинеше студиото дополнителни 70 милиони долари.

На социјалните мрежи заедниците на обожаватели напредуваат и создаваат дигитален пејзаж каде дискусиите и содржините поврзани со популарните франшизи се мерат во стотици илјади. Заедницата на „Соник“ на Редит брои над 200.000 членови, додека хаштаговите поврзани со ежот на социјалната мрежа „Х“ (поранешен Твитер) создадоа милиони интеракции. Овие примери го нагласуваат растечкото влијание на обожавателите, не само како консумери на содржините, туку како активни учесници во обликувањето на наративите на поп културата.

Поп културата е насекаде околу нас

За многумина, станувањето фан започнува рано во животот и честопати е поврзано со хероите од детството и саканите приказни, како во случајот со Софија. Низ светот, децата растат покрај омилените анимирани ликови, стрипови, видеоигри и филмови, кои ги обликуваат нивните интереси и им помагаат да се идентификуваат. Она што некогаш се сметаше за невообичаено, денес е „мејнстрим“.

„Сè околу нас веќе е поп култура, бидејќи станува сериозен „мејнстрим“ – и стрипот, и филмот и мангата како јапонска култура. Гејмингот е веќе најголема индустрија во светот и секој денеска сака да е гејмер“, вели младиот новинар Марио Спасевски, кој работи во гејминг полето и индустријата во Македонија. „Порано беше малку чудно да си гејмер, ќе те зезаат, ќе се шегуваат со тебе ако играш игри, а денес си фраерот во друштво ако играш игри. И повеќе ќе расте од тоа што е сега“, додава тој.

Марио е еден од водителите на поткастот „Дебели Гикови“ кој се стреми кон ширење на поп културата во земјава, покрај неговиот колега Огнен Златков. „Јас сум пораснат со поп култура. Туширање, седнување пред телевизор, пуштање ‘Нинџа желки’ – од мал сум ‘гик’ и сè околу мене, сè што ме опкружува ми е ‘гиковско’. А мислам дека Бетмен е франшизата што ме навлече кон тие работи. Како мал, се знаеше – Бетмен беше тој што цело време го имаше на телевизија“, вели Огнен.

Марио Спасевски (лево) и Огнен Златков (десно), водители на поткастот „Дебели Гикови“ / фото: Х.К.
Фан културата во Македонија – просперитетна локално, поврзана глобално

Додека глобалната фан култура цвета, македонските обожаватели имаат свои уникатни предизвици –  се соочуваат со ограничен пристап до ресурси и настани кои во поголемите земји се широко достапни. „Се држиме на стаклени нозе, коишто може да пукнат во секој момент. Ако се споредуваме со другите, а не треба да се споредуваме, бидејќи сме мал пазар, добро е што до некаде битните работи стигаат до нас, до Македонија.

Фала богу, веќе имаме сè на интернет, можеме лесно да пристапиме до сè“, вели Марио. „Ако зборуваме за физички работи – стрипови, добри книги и слично, може да се дојде лесно до нив, но сепак, изборот од каде што можат да се купат или набават е многу мал. Само во Скопје имаме едвај неколку продавници што на пола рака може да се избројат што продаваат работи како стрипови, фигури, манга и друго“, објаснува тој.

Ристо Манасиев е 2Д аниматор и дигитален илустратор, а вели дека главно хоби му е гејмингот и сè она што опфаќа „гик културата“, додека најголем фокус во секојдневието му одзема „Warhammer“. Според него, некои франшизи во Македонија имаат поголеми фан заедници од други.

„Зависи за која франшиза станува збор и кое хоби станува збор. Имаме хобија коишто се многу развиени и такви коишто допрва се развиваат. Стрип културата и стрип фан базата се поприлично стари. Датираат уште од раните 80-ти години. Гејмингот почна многу повеќе да се развива кон крај на 90-тите, средината на 2000-тите. Сега мислам дека има огромна база на фанови. На моја голема радост, заедницата на ‘Warhammer’ почна рапидно да расте и затоа сум многу среќен“, вели Ристо.

Ристо Манасиев / фото: Х.К.

Тој вели дека во земјава се создаваат автентични македонски фан заедници, иако некои обожаватели се приклучуваат кон странските фан групи. За многу македонски фанови, дигиталниот свет стана просторот каде се поврзуваат со глобалните заедници. Дискорд, Редит, Фејсбук и Инстаграм станаа места каде што заедниците на обожаватели меѓусебно си споделуваат содржини, дебатираат за теориите и се поврзуваат со другите кои ги споделуваат нивните страсти.

„Во раните години кога навлегував во оние домени што ме интересираат – епска фантастика, научна фантастика, видеоигри, стрипови, игри со минијатури – во почетокот, затоа што интернетот уште не беше доволно развиен, немав толку контакт со истомисленици“, раскажува Ристо, додавајќи дека, со масовниот развој на интернетот, почнал да зпознава многу луѓе што ги делат истите интереси како него. „И тоа помогна многу во однос на размена на лични искуства коишто и тоа како допринесоа за поголем раст во однос на тоа како гледам на некои работи.

Јас себеси се сметам за ‘гик’ и сметам дека помогна во однос на мојот раст за она кое мене ми е интерес“, дециден е Ристо. „Постојат неколку групи на Фејсбук во Македонија што се занимаваат само со дискусија за новите игри што искачаат, зависно за која конзола станува збор, има таква група – за Нинтендо, Искбокс, Плејстејшн.

За ретроигрите има само една ама ретко се збори за ретроконзоли кај нас, интересот е повеќе кај модерните конзоли, интересот е таму меѓу новите генерации, иако  јас пробувам да бидам што поголем застапник за ретроконзолите и ретроигрите во Македонија колку што можам“, вели Софија Шахпаска.

Минијатурни фигури од „Warhammer“ на Ристо / фото: Х.К.

И Марио се согласува дека фан заедниците денес најчесто се обединуваат на социјалните мрежи.„Бидејќи за сите, небитно годишна граница, за млади и стари – сите овие работи се многу лесни и достапни за користење и многу им е лесно на сите заедници да направат група на Фејсбук или канал на Дискорд каде може да комуницираат цело време“, вели Марио.

„И цело време сите се активни, споделуваат слики, импресии, видеа, кажуваат нивни мислења. Дефинитивно, иако немаме некоја голема достапност на работите што може да се набават, фан заедниците стварно се зголемуваат од ден во ден и навистина имаме фан заедници за буквално сè во Македонија“, додава младиот новинар.

Подем на локални настани

И покрај предизвиците, локалните фан настани полека добиваат на внимание. Фестивали како „Сакура“, „Нихон Џи“, „Стрип Трип“, „А1 Гејм Фест“ и „Гејм Џем“ им даваат можност на обожавателите во Македонија да ги прослават своите страсти. Иако овие настани се сè уште релативно мали, сепак ја препознаваат и слават важноста на фан културата во земјава.

„Од вакви слични настани во регионот, јас сум бил на ‘Comic Con’ во Солун два пати. Во Белград, пак, секоја година се организира ‘Games Con’, како дел од оној што се организира во Германија“, вели водителот на поткастот „Дебели гикови“, Огнен.

Локалните и регионалните настани се од суштинско значење, велат соговорниците – не само за да се сретнат и дружат со другите, туку и за да ја покажат сопствената креативност, преку создавање на уметност, косплеј, видеа, па дури и свои наративи. „Гледам секогаш кога ќе се појавам на косплеј настан, да бидам што поенергична со луѓето и да бидам што повеќе во карактерот“, објаснува Софија.

Акциони фигури на Огнен / фото: Х.К.

Променети животи

Ваквите настани кои ги обединуваат обожавателите, покрај тоа што влијаеле врз перцепциите и идентитетите на соговорниците, на некои од нив им го промениле животот на најнеочекуван начин. Ристо својата сопруга ја запознал токму на еден ваков собир на фанови, а нивната љубов, освен со „реална“ венчавка во живо, ја крунисале со втора свадбена церемонија – виртуелна, во играта „Final Fantasy“, каде што поминале безброј часови заедно.

фото: исечок од виртуелната венчавка на Ристо и сопругата во видеоиграта „Final Fantasy“

И Софија потврдува дека колекционерството на видеоигри и фигури значително го променило нејзиниот живот. „Пробувам да не се поврзувам многу за предмети, туку за луѓето и местата, ама искрено јас како уметник кога работам од дома или од канцеларија, многу ми е важен просторот како ми е уреден, за да ме инспирира што повеќе, да креирам и да бидам своја.

Откако почнав да собирам конзоли и игри, некако животот ми е поисполнет, поради што и хобито го споделувам со мојот партнер, така што одиме на бројни авантури скоро секој викенд со собирање видеоигри, конзоли, фигури и така и се запознаваме со што повеќе луѓе, наоѓаш истомисленици и формираш нови пријателства“, вели Софија.

Изработката на оваа приказна е поддржана од Фондацијата Томсон како дел од проектот Култура и креативност за Западен Балкан (CC4WBs). Оваа приказна е создадена со финансиска поддршка на Европската Унија. Нејзината содржина е единствена одговорност на авторот и не мора да ги одразува ставовите на Европската унија.

  

Најново

(ВИДЕО) Во Белград се спрема спектакуларен пречек на студентите -поставен и црвен килим

Sase Ivanovski

Неколку инциденти во текот на ноќта кај Пионерскиот парк во Белград, приведени 13 лица

Sase Ivanovski

Путин имаше три опции да одговори на предлогот за прекин на огнот, изборот е класична руска тактика

Sase Ivanovski

Хрватскиот премиер Пленковиќ опериран поради срцева аритмија

Sase Ivanovski

Републикански конгресмени со предлог-закон за забрана на кинески студенти да студираат во САД

Sase Ivanovski

Трамп призна дека бил„малку саркастичен“ кога тврдел дека ќе ја запре војната во Украина за 24 часа

Sase Ivanovski

Димитриевски не одлучил дали ќе трча за трет мандат во Куманово, преговара со ВМРО-ДПМНЕ за Центар

Sase Ivanovski

Сообраќајот на патиштата се одвива непречено, по претежно суви коловози

Sase Ivanovski

Марк Карни стана првиот нов канадски премиер по девет години

Sase Ivanovski

Муртезани: Се уште сме меѓу најподготвените држави во регионот за пристапување кон ЕУ

Sase Ivanovski

Холандија подготвена да стави вето на делови од одбранбениот пакет на ЕУ

Sase Ivanovski

Проевропски митинг утре во Букурешт и во неколку европски метрополи

Sase Ivanovski

Путин и Мадуро најавија продлабочување на соработката меѓу Русија и Венецуела

Sase Ivanovski

Обвинителство во Белград бара од полицијата да провери информации за наводен контакт меѓу Универзитетот и Воениот синдикат

Sase Ivanovski

Судот во Сараево им одреди притвор на Додик и соработниците

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Студентите од цела Србија пристигнуваат во Белград за масовниот протест: Белграѓани ги пречекаа со солзи

Sase Ivanovski

„Студентите во блокада“ со апел пред големиот протест: Не ја доведувајте во прашање нашата борба со непромислени потези

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Премиерот Мицкоски објави дека Економист ја тргнал Македонија од листата на земји со хибриден режим, изградени се 20 спортски објекти во 10 општини, продолжува исплатата на субвенции во земјоделието

Sase Ivanovski

Сончево и топло со мала до умерена облачност

Sase Ivanovski

Лавина затрупа туристи во Полска, не се знае колкумина настрадале

Sase Ivanovski

Партизан немоќен во Шпанија, Пантер ја предводеше Барселона до победа

Sase Ivanovski

Насилници од Гевгелија тепале сограѓани, ги терале да признаат кражба

Sase Ivanovski

Романскиот уставен суд ја образложи забраната за учество на Џорџеску на изборите во мај

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Големи бетонски блокови се монтираат околу седиштето на ТВ „Пинк“ во Белград

Sase Ivanovski

Орбан: Не Украина, туку Србија и Северна Македонија уште утре да се примат во ЕУ

Sase Ivanovski

Судот во Сараево им одреди притвор на Милорад Додик и соработниците

Sase Ivanovski

Сообраќајка во Влае вечерва, се судрија две коли и мотор

Sase Ivanovski

Софија: Бугарија не се откажува од Коридорот 8, тоа е шпекулација

Sase Ivanovski

21 век во Иран: Дронови и кодоши со апликации „ловат“ жени-прекршителки на правилата за облекување

Sase Ivanovski

Путин пак го изигрува Трамп, пишува „Политико“

Sase Ivanovski

ЦРТА поднесе кривична пријава против Александар Вучиќ

Sase Ivanovski

Путин постави услови за прекин на огнот во Украина

Sase Ivanovski

Русија не сака пратеникот на Трамп да биде вклучен во разговорите за ставање крај на војната во Украина

Sase Ivanovski

Австриската амбасада го демантира Биљал Касами: Не се дадени гаранции или ветувања за Попова Шапка

Sase Ivanovski

ИЈЗ: Водата во Охридското езеро лани во јануари, август и во септември била IV и V класа

Sase Ivanovski

Студенти во блокада и професори поднесоа пријава против лицата собрани кај Пионерскиот парк во Белград

Sase Ivanovski

Утре и задутре Саем на образование во „Сити мол“

Sase Ivanovski

Беровец во градежна депонија фрлал и закопувал остатоци од починати лица

Sase Ivanovski

Стојаноски: И покрај изгласаните интерпелации на членовите на Судски совет, тие одбиваат да си дадат оставки, доколку не се вразумат народот ќе бара правда

Sase Ivanovski

ДОМ: Кривична одговорност за еколошката хаварија на Крива Река

Sase Ivanovski

Орце Ѓорѓиевски: Вечерва, на покана на мојот драг пријател Шабан Салиу – претседател на Демократските сили на Ромите, заедно со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и министер за одбрана Владо Мисајловски, присуствувавме на ифтарска вечера со нашите браќа од исламска вероисповед во општина Шуто Оризари.

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Се степаа пратеници во парламентот на Аргентина

Sase Ivanovski

Притисоците од ДУИ се политичко дивјаштво, смета претседателот на Уставниот суд пред подготвителната седница за Законот за јазиците

Sase Ivanovski

Претседателството на БиХ: Ситуацијата во државата е драматична, ова е најголемата криза од 1995 година

Sase Ivanovski

На хрватски новинари им бил забранет влез во Србија

Sase Ivanovski

НОВИ ШОКОВИ: Расте цената на златото, прогнозираната граница е достигната

Sase Ivanovski

Министерство за животна средина: Граѓаните да ја поддржат изградбата на регионалната депонија во Новаци

Sase Ivanovski

НЕ САМО ДИЛЕРИТЕ, ТУКУ И УЖИВАТЕЛИТЕ НА ДРОГИ ЌЕ БИДАТ САНКЦИОНИРАНИ – казни до 250 евра, ќе помогнат ли за заштита на општеството

Sase Ivanovski

МАКЕДОНИЈА ИМА 1.515.306 РАБОТОСПОСОБНИ ЛУЃЕ Речиси половина од нив не се активни на пазарот на труд

Sase Ivanovski

ЈА УДРИЛA И Ѝ ГО УНИШТИЛА ТЕЛЕФОНОТ Скопјанка нападнала вработена во здравствена установа во Шуто Оризари

Sase Ivanovski

ШЕИН ДОАЃА ВО МАКЕДОНИЈА Најголемата светска платформа за гардероба ќе соработува со ЕЛС

Sase Ivanovski

КУМАНОВЕЦ СЕ ЗАБИЛ ВО ПОЛИЦИСКО ВОЗИЛО Шестмина повредени во жесток судир, меѓу нив и четворица полицајци

Sase Ivanovski

НЕСРЕЌАТА ВО НОВИ САД ПАДНА ВО РАЦЕТЕ НА ОПАСНАТА РОМАНКА Лаура Ковеси ќе истражува злоупотреба на ЕУ фондовите

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) КАМПАЊА ЗА ПОДИГАЊЕ НА ЈАВНАТА СВЕСТ ПОВРЗАНА СО ТРГОВИЈА НА РАБОТНИЦИ И ТРУДОВА ЕКСПЛОАТАЦИЈА

Sase Ivanovski

ИЈЗ: Во февруари регистирани 366 лица со овчи сипаници, 68 со шуга и три со заразни заушки

Sase Ivanovski

Од Дебар до Тирана за еден час, пуштен во употреба големиот тунел на автопатот „Патот на Арбр“

Sase Ivanovski

Османи: Од македонска перспектива, ДУИ е најпатриотската партија во оваа држава

Sase Ivanovski

Асмир Јахоски оди во притвор, Кривичен ја преиначи првичната одлука

Sase Ivanovski

Се запали Боинг на аеродром во Денвер со 178 луѓе, патниците бегаа преку крилата

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Погодена рафинерија во Русија, гори голем резервоар за бензин

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Трактори паркирани околу Пионерскиот парк во Белград, каде со денови кампуваат студентите

Sase Ivanovski

Рокас: Одржливиот туризам значително го зголемува потенцијалот за развој на земјата

Sase Ivanovski

Виткоф разговараше со Путин, се враќа во САД да му даде извештај на Трамп

Sase Ivanovski

Москва по состанокот меѓу Путин и Виткоф: Договорена е средбата меѓу рускиот претседател и Трамп

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Стојаноски: Благодарение на СДС и ДУИ, Пуцко петрол успевал за една година да го зголеми приходот за 40 проценти

Sase Ivanovski

Секој обид за оспорување на Законот за јазиците е обид за оспорување на Охридскиот договор и уставниот поредок, велат од ДУИ

Sase Ivanovski

Центарот за естетска дерматологијаво Жан Митрев Клиниката, подготви специјална понуда за мајките! 🤰✨ Секоја мајка добива бесплатен третман во Центарот за естетска дерматологија, согласно препорака од дерматолог! За дополнителна грижа и нега, ви нудиме и дополнителен попуст од 10% на сите услуги во нашиот центар.

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Ја поздравуваме одлуката за определување на притвор на Асмир Јахоски, Пуцко Петрол – Ова е победа на правдата

Sase Ivanovski

За Зеленски условите на Русија за прекин на огнот покажуваат дека сакаат војната да продолжи

Sase Ivanovski

КЛИНИКА ЖАН МИТРЕВ: Г-дин Слободан Кујунџиќ од малото Истарско место Бузет близу Пула дојде во нашата клиника по препорака од пријател

Sase Ivanovski

Трамп: Имавме добри и продуктивни разговори со Путин, има „многу добри шанси“ војната во Украина да заврши

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Словенката Ника Превц постави светски рекорд во ски скокови

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Најмалку тројца вработени за регистрација на интернет-портал

Sase Ivanovski

КЛИНИКА ЖАН МИТРЕВ: Важноста од нефролошки преглед при СБМ (срцево-бубрежно метаболен синдром)

Sase Ivanovski

Мицкоски не смета дека е преседан најавата за протести ако членовите на Судскиот совет не постапат соодветно

Sase Ivanovski

Дали е Прага најубавиот град во Европа?

Sase Ivanovski

КЛИНИКА ЖАН МИТРЕВ: Како да се заштите од вагинални инфекции за време на бременоста?

Sase Ivanovski

КЛИНИКА ЖАН МИТРЕВ: По повод неделата за подигање на свеста за глауком во нашиот центар за офталмлогија во соработка со Промедика Офталмологија, овој преглед е со -50% заклучно 21.03.2025 година

Sase Ivanovski

„My Box“ нова услуга за достава на онлајн пратките, без курирски служби

Sase Ivanovski

Револуција на доставата во Македонија: My Box пристигна!

Sase Ivanovski
Вчитувам....