Со Оливер Спасовски на чело на МВР, Македонија се претвори во башибозлук. Беззаконието владее, криминалците и мафијашите хараат, полицијата е нем сведок, а не ретко и им дава заштита на оние кои го кршат законот. Затоа во Македонија се случуваат ликвидации среде Скопје, затоа дилери се фотографираат со функционери од власта, а мафијаши се сликаат во кабинети.
Спасовски бега од јавноста и не дава одговори, иако е најповикан за ваквата ситуација во државата. Тој треба да одговори дали е извршен претрес во домот на пријателот на директорот на БЈБ, Сашо Тасевски кого целата јавност го виде како пука со калашников?Спасовски треба да каже како лице кое има криминален беграунд и е дел од листата за проверки “Безбеден Град“ добило дозвола за пиштол?
Спасовски треба да одговори дали има повратници од боиштата во Сирија и Ирак кои биле дел од ИСИС и АЛ-КАЕДА кои не се дел од листата Безбеден град? Дали Спасовски е свесен дека ваквите лица може да се сериозна закана за безбедноста? Дали и членови од нарко бандите во Скопје, намерно се испуштени од оваа листа, затоа што некому во полицијата тоа му одговара така?Дали Спасовски сузбива диви продавачи на марули на пазари и апси лица со воздушни пушки, а сериозни криминалци не се дел од мерките на полицијата? Што уште треба да се случи овој човек да си поднесе оставка?