Ние како генерација, која започнува да ја носи на свои плеќи оваа судбоносна борба за градење на иднина каква заслужува секој еден човек во нашата татковина и борба која подразбира промена на нашето однесување и исправање на се што е погрешно овие 32 години независност со надеж да го вратиме ентузијазмот и мотивот кај луѓето на Македонија, ќе работам, ќе се жртвувам, ќе се борам искрено и секој еден треба да знае дека ќе го дадам својот макисмум, последниот атом од силите да изградиме нова подобра иднина за сите луѓе во Македонија, да го вратиме мотивот за создавање на вредности, да ја градиме нашата држава чесно, искрено, посветено.
Тие не сакаат ни да го изговорат името на земјата, а ние велиме ова е Македонија, Македонија за сите! Ова е Македонија, ова е Велес на сите луѓе! Со истата енергија каква овој народ и земја ги имале при сите големи победи, при сите свои илиндени, славни епопеи и победи.Нашата борба е вредности, идеал и кауза. Нашата борба е да ја обновиме Македонија!