На 02.11.2024 година во 17.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул.„500“ и ул.„401“ во село Марино, скопско, патничко возило „Хонда цивик“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.С. (46) од населба Илинден, скопско, удрило во пешакот В.Н.(78) од село Марино, а потоа возилото го напуштил местото на настанот.
Во несреќата од здобиените тешки телесни повреди на местото на настанот починала В.Н., а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт. По насоки на јавен обвинител телото на почината било предадено на обдукција. Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје. Полициски службеници од Полициското одделение Петровец по преземени мерки го пронашле возачот и сопственикот на патничкото возило. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Усмртиле пешак, па лажеле да избегнат вина, СВР Скопје го расчисти случајот. Прегледани се видео снимки од околни објекти, разговарано е со лице- сведок, како и со лицата кои се сопственици на возилото, кои во службен разговор изјавиле дека го дале возилото на непознато лице без купопродажен договор.
Но, по преглед на снимките од „Сејф сити”, констатирано е дека се работи за лажна изјава на сопственичката на возилото Ј.С. од Скопје, која веднаш е приведена во ПС Гази Баба и признала дека нејзиниот сопруг И.С. (46) го управувал возилото. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.