Повеќе од две минути траел обидот за силување на 30-годишната скопјанка во Кисела Вода, покажуваат видео материјалите до кои дојде „Скопје1“. Ја спасиле врисоците, но и упорната борба со силувачот. Од снимките се слуша како жртвата извикува: „Помош, пушти ме“, а нападот врз неа се случува непосредно пред булеварот „Борис Трајковски“, кај црквата.
Силувачот не се откажува и натаму ја држи соборена на земја, по што, доаѓа лице од страна кое му го одвлекува вниманието, а жртвата успева да избега. Откако жената поминува улица, истото го прави и силувачот, а тука излегува и уште еден маж кој ги слушна врисоците.
Додека жртвата е исплашена и во шок, лицата кои и помогнаа на жената тргнаа да го фатат лицето и го совладаа. „Скопје1“, претходно објави снимки од тој момент. Засега е познато само дека станува збор лице со иницијали С.Г., кој има 31-година. Обвинителството побара, а судот му изрече 30 дневен притвор.