15.8 C
Скопје
12/10/2024 08:33
МАКТЕЛ

     

ВО ЗАТВОРИТЕ НЕДОСТИГААТ 400 ВРАБОТЕНИ Пандов предлага општини и фирми да ангажираат затвореници

     

Недостигаат главно затворски полицајци, меѓутоа и луѓе во ресоцијализација, во финансии, во човечки ресурси, во правниот дел во управите што се на затворите. Се надевам дека тие вработувања ќе бидат одобрени во наредната 2025 година – вели Пандов. Директорот на Управата за извршување на санкции Александар Пандов ја оценува состојбата во затворите низ државата како загрижувачка. Во интервју на МИА, тој открива дека недостигаат околу 300 до 400 луѓе во целиот затворски систем. Се надева на одобрување на нови вработувања и најавува повеќе реформи, како инфраструктурни, така и системски. Најавува подобрување на можностите за пробација и на образованието во казнено-поправниот систем.

 

– Кога го говорам ова, тоа значи дека пред сѐ и над сѐ затворски полицајци, меѓутоа и луѓе во ресоцијализација, во финансии, во човечки ресурси, во правниот дел во управите што се на затворите. Се надевам дека тие вработувања ќе бидат одобрени во наредната 2025 година – вели Пандов. Една од причините за дефицитот на затворската полиција, според Пандов, е тоа што полицајците ги напуштале своите работни места од безбедносни причини, нешто, за кое што вели дека нема да биде случај во иднина.

  

– Тие луѓе чувствувале дека одредени затворени лица имаат таква поткрепа од дел од директорите или надвор од некои одредени моќни политичари, што никој ништо не им може што и да направат внатре и како и да се однесуваат кон затворските полицајци. Тоа е веќе заборавена приказна и затвореници кои така се однесуваат ќе бидат најстрого санкционирани во рамки на позитивните закони што ги имаме, а ги имаме доволно за да може да се справиме сега со нив – посочува Пандов. Кон крајот на месецов тој очекува да профункционира и интервентната единица во затворите.

Состојбата во македонските затвори Пандов ја подели на два дела – инфраструктурна, односно како изгледаат затворите и второ – какви се условите, односно како се работело во нив. Како затвори со добра инфраструктура ги издвојува кумановскиот затвор, Воспитно-поправниот дом – Тетово и отвореното и затвореното одделение во Идризово за кои потенцира дека се изградени во времето на претходното владеење на ВМРО-ДПМНЕ. Има затвори во кои е неопходна инфракстурктурна инвестиција.

– За жал, има одреден број затвори во кои инфраструктурно мора да се инвестира и тоа сигурно дека ќе биде направено во идно време. Голем проблем е што за жал во „Идризово“ е завршена само првата фаза од неговата изградба. Уште од 2010 година, Република Македонија добива заем од Банката за развој при Советот на Европа за изградба на супер нов затвор во Идризово и завршена е само првата фаза. Во минатите седум години не е направено ништо, а притоа, кога би била завршена и втората фаза би било направено супер ново и современо затворено одделение. Она што за мене е многу важно е притворското одделение. Би имало и нова кујна, нова амбуланта за затворениците, кога би се направило тоа – вели Пандов. Дел од позајмените пари се потрошени за отвореното и полуотвореното одделение, а остатокот се под мораториум затоа што при контролите на Комитетот за превенција од тортура имало големи забелешки за македонските затвори.

– Од Комитетот треба да дојдат од 7 до 10 октомври во Македонија, ќе имаме состанок, меѓутоа ќе имаат состанок и со министерот за правда Игор Филков и со премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски. Јас и повиканите ќе направиме сѐ да ги увериме дека правиме и ќе правиме сѐ за подобрување на забелешките што ги имаме од нив за да можеме да започнеме. Се надевам дека в година ќе започнеме, ќе го распишеме тендерот и ќе ја почнеме втората фаза – дополнува Пандов.

Она што го загрижува новиот директор е начинот на кој биле чувани затворените лица. Според првичните информации, осудените лица во одредени затвори излегувале и влегувале кога сакале.

– Не велам дека во сите затвори тоа се случувало, но имаме докази и веќе е информирано и Министерството за внатрешни работи и Обвинителството дека одредени раководители, односно директори на затвори, буквално се однесувале во стилот на Луј 16 – „државата, тоа сум јас“ – вели Пандов.

Наследената состојба на затвореници евидентирани во бегство е околу 200, додека, во однос на прашањето дали постои гаранција дека ќе се вратат затворениците на кои тој им одобри прекин на издржување на казната, меѓу кои има и осуденици од „27 април“, вели дека нема гаранција исто како и за затворениците кои ги пуштаат на викенд.

– На најголем дел од нив веќе им се завршени прекините и се вратени во затворите. Не мал дел од нив, во меѓувреме имаат побарано од судовите да им се издадат подолги прекини. Како најзвучно име за кое имаше прекин е поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков. Во меѓувреме, колку што сум информиран од затворот, господинот Чавков, има добиено тримесечен прекин кој му завршува во ноември. Не мал дел од другите лица осудени за „27 април“ имаат добиено од судовите повторно прекини, некој на месец, некој на два. Гаранција не постои, како за секој кој со закон ќе биде пратен на 30-45 или 60 дена, кога ќе го пуштиме на викенд, ако не е вратен, тоа значи дека е во бегство, ние веднаш го информираме Министерството за внатрешни работи и тој осуденик се води како во бегство – појаснува Пандов.

Можеби ќе ве интересира
ЏАБЕ НЕ ЛЕЖИ, ЏАБЕ НЕ СЕДИ Пандов ќе им бара работа на…

МИА 06/09/2024
ПРИВЕДЕН БЕГАЛЕЦ ОД ИДРИЗОВО Имал за доиздржување казна…

плусинфо 01/09/2024
Проблемот со пренатрупаноста во затворите, според Пандов, може во голема мера да се реши со Законот за пробација.

– Има два начина да се реши тоа. Едниот е побавен, меѓутоа во голема мера ќе ги реши работите. Тоа е она што го говорев – сите да засукаме ракави и час поскоро да почне со изградба втората фаза на затворот „Идризово“, затоа што над илјада легла ќе се добијат со завршување на втората фаза. Меѓутоа, има уште една работа што би сакал да ја потенцирам, а тоа е Законот за пробација со кој осудениците имаат право на условен отпуст – посочува Пандов.

Покрај 11-те пробациски канцеларии во државава, се очекува да се отворат уште три.

– Тие функционираат веќе четири-пет години. Меѓутоа, она што паѓа во очи е дека од 650 луѓе кои се со условен отпуст, 450 луѓе се во Скопје. Скопје е најголем град, има најголем број осудени лица кои се од Скопје, меѓутоа не е така соодносот. Останатите 200 се од останатите општини во Македонија. Имаме намера, мислам дека веќе и месецов се закажани некои состаноци со одредени судии, а подоцна и цел судски систем да ги поттикнеме, да ги охрабриме да ги употребуваат овие мерки – вели Пандов.

Во Воспитно поправниот дом–Тетово веќе три години нема образование за децата во Волковија. Директорот Пандов потврди дека децата во ВПД-Тетово не седнале во училишните клупи и вети дека ќе разговара со министерката за образование Весна Јаневска за решавање на проблемот.

– Да не се оправдувам, меѓутоа тоа ми е мене наследена ситуација. Ќе направам сѐ за тоа да се смени. Она што бев информиран е дека тој процес е започнат, меѓутоа, сега повторно е застанат. Јас ќе направам обид со новата министерка за образование да им овозможиме на децата во Волковија и каде било во сите казнено поправни установи да имаат образование – истакнува Пандов.

Во врска со проблемот со просториите за девојчињата упатени во воспитно-поправен дом, за кој последната најава беше дека ВПД-Тетово ќе биде адаптиран за таму да можат да се сместуваат штитенички, Пандов вели дека адаптацијата не е започната.

– Најбрзо решение е една од трите згради во Волковија да биде преправена и да се огради од останатите две згради каде што се сместени машки деца. Тоа ќе биде направено во наредниот период, а ќе размислиме дали е тоа трајно решение, можеби и не е, не тврдам дека е, меѓутоа, тоа е единствениот начин како тоа да се реши. Адаптацијата сѐ уште не е започната, а доколку во меѓувреме некое девојче биде упатено во ВПД ќе го размислиме кога ќе дојде до тоа – нагласува Пандов.

Според директорот на Управата за извршување на санкции, работното ангажирање е најдобриот начин за ресоцијализација на затворениците. Ќе се обиде законски да интервенира во делот на работно ангажирање на затворениците со цел тоа да се користи почесто.

– Имам забелешки на последниот закон, направен сега во април. Планирам во наредниот период да побарам измени на одредени точки, или вметнување на нови. Забелешка е тоа што кај нас, доколку говориме дека имаме 2.400 затвореници, мислам дека околу 100 се само работно ангажирани. Моите насоки кон директорите на затворите се да се обидат да постигнат договори со градоначалниците, со други фирми, што поголем број затвореници да бидат работно ангажирани – вели Пандов.

Само во мал број на затворите има фарми каде одреден број затвореници се ангажирани, а најголем дел од земјиштата стојат неискористени.

Важно е, вели Пандов, затворениците да се оспособат за време на издржувањето на казната со цел да можат да се адаптираат откако ќе излезат од затвор.

– Не гледам зошто не ги научиме на некои занаети за кога ќе излезат да бидат оспособени да преживеат. Таков ни е системот што човек кога ќе излезе од затвор, едноставно не сме го осудиле, меѓутоа, не сме го оспособиле да може да функционира надвор од затворот и тоа е веројатно главната причина зошто не мал дел од нив повторно се враќаат во затворите – вели Пандов.

 

Најново

ДУИ: ВРЕДИ нема знаење и храброст да направат повеќе за учениците Албанци

Sase Ivanovski

Меџити: Законот за правична застапеност ќе биде во духот на тоа што нема да му се даде можност на Уставниот во иднина да укинува закони само со просто мнозинство

Sase Ivanovski

Унгарски извори: Орбан ќе ги седне на маса Мицкоски и Радев на 7 ноември во Будимпешта

Sase Ivanovski

Водата во Гостивар е безбедна за пиење, тврди Комуналното претпријатие

Sase Ivanovski

Сиљановска и Мицкоски упатија честитки по повод 11 Октомври

Sase Ivanovski

Да Силва: Нема смисла американското Министерство за правда да бара информации од Сааб

Sase Ivanovski

Во Собранието бешe доделена државната награда „11 Oктомври“

Sase Ivanovski

ПИСМО ЗА НИКАДЕ

Sase Ivanovski

Почна увидот во опожарената зграда во скопски Чаир, се врши попис на штетата на становите

Sase Ivanovski

Еден загинат и 23 спасени по дефект на лифтот во рудник за злато во Колорадо

Sase Ivanovski

Се запалија 3 автомобили во Аеродром

Sase Ivanovski

ЕУ ја одобри Реформската агенда на Македонија и другите земји од Западен Балкан

Sase Ivanovski

Институциите си ја префрлаат одговорноста за распаднатиот ѕид кај Детска клиника

Sase Ivanovski

Во Тирана свечено отворена џамијата Намазѓа – најголема на Балканот

Sase Ivanovski

Професорката по патологија која го враќа образовниот систем – Весна Јаневска

Sase Ivanovski

Колев: Долгогодишните проблеми на велешани ќе се решаваат!

Sase Ivanovski

Чии интереси застапуваше Османи, министер во Владата на Ковачевски?

Sase Ivanovski

Ердоган на средба со Вучиќ: Нагласена важноста за мирот и стабилноста на Балканот

Sase Ivanovski

Горан Герасимовски ја открив бистата на првиот претседател Киро Глигоров

Sase Ivanovski

Тони Михајловски во македонски народни приказни на само 18 годишна возраст

Sase Ivanovski

Муцунски оствари средба со Шеик Јасим бин Хамад Ал Тани

Sase Ivanovski

Мета факт: Делумна вистина е дека Владата го решила проблемот со личните документи во првите 100 дена

Sase Ivanovski

Контраспин: Укинувањето на балансерот никако не може да биде тежок удар врз Уставот

Sase Ivanovski

Николовски ја отвори Конференцијата за трговска и инвестициона арбитража во организација на VIAC , MAIC (Macedonian Association of in-House Counsel) и Three Crowns

Sase Ivanovski

Бранко Азески: Политиката само го слуша бизнисот, но ништо не спроведува

Sase Ivanovski

НИКОЛОВСКИ: ВО СЕКТОРОТ ТРАНСПОРТ И ВРСКИ ЌЕ ОСТАВАМ ТРАГ И ГРАЃАНИТЕ ЌЕ ИМААТ БЕНЕФИТ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Димитар Ковачевски : ДУИ НЕ НЀ ИЗИГРА, А 12% ЌЕ ИМАШЕ СО РЕБАЛАНСОТ

Sase Ivanovski

Газдата на Актива од Штип: Комерцијална Банка ни помогна да имаме 50 милиони евра обрт годишно

Sase Ivanovski

Со незадоволните се преговара

Sase Ivanovski

(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Димитриевски: Денеска во Општина Куманово остварив протоколарна средба со господин Ивица Дачиќ, го потенциравме огромното пријателство и соработка помеѓу Македонија и Србија и блискоста на двата народи, важноста на местоположбата на Општина Куманово, но исто така господин Дачиќ се присети на многу убави спомени од деновите поминати во Куманово, како војник во ЈНА

Sase Ivanovski

ДУИ не е заинтересирана да биде дел од владата, му рекол Ахмети на чешкиот амбасадор

Sase Ivanovski

(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Најмалку шеснаесет загинати по ураганот Милтон на Флорида, Соединетите американски држави

Sase Ivanovski

Македонски ланец маркети ќе влегува на пазарот во Србија, пишуваат тамошните медиуми

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Муртезани: Подготвуваме предлог за надминување на спорот, ќе биде доставен по изборите во Бугарија

Sase Ivanovski

Тошковски: Денеска во СВР Куманово бев домаќин на делегација на Република Србија предводена од вицепремиерот и министер за внатрешни работи на Србија, колегата Ивица Дачиќ, разговаравме за она што е поврзано меѓу двете полиции од аспект на тековната соработка

Sase Ivanovski

Спасовски: Положивме цвеќе пред споменик костурница во мое Куманово, по повод 11 Октомври, денот на народното востание

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Проблемите со кучињата скитници во градот Скопје продолжуваат, група на агресивни кучиња скитници

Sase Ivanovski

Со итни законски измени се прекинува мандатот на членовите во независните државни комисии, реагираат од Платформата за борба против корупцијата

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) 24 анализа – Интервју со Орхан Муртезани, министер за евроинтеграции

Sase Ivanovski

Неексплодирана граната од првата светска војна била подигната од центарот на градот Битола

Sase Ivanovski

Прво појавување на Пи Диди и неговата фамилија на суд

Sase Ivanovski

Димитриевски ја поздрави одлуката на Уставен суд за балансерот

Sase Ivanovski

(ФОТО) Претседателот на Украина Зеленски во Ватикан оствари средба со поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск

Sase Ivanovski

Боре Видевски, обвинет за убиството на малата Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, е вратен во затворот „Скопје“ во Шутка

Sase Ivanovski

Власта најавува „огромна одговорност“ за РЕК Битола: Не се само ископите и јагленот, туку и ремонтите и лентите!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Бајрам Реџепи: Дуи нема да ја дестабилизира државава

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Министерот Панче Тошковски го пофали Дачиќ дека има долга кариера, тој му одговори: Само што започнав бре!

Sase Ivanovski

Нобелова награда за мир: Не смее да згасне мисијата за свет без нуклеарно оружје!

Sase Ivanovski

Гаши повика на сплотеност за подобра иднина на земјата: Северна Македонија е повторно на вистинскиот пат

Sase Ivanovski

Избегнат атентат врз висок функционер на Хезболах и 22 загинати во израелски напад врз центарот на градот Бејрут

Sase Ivanovski

Зголемена е фреквенцијата на возила поради продолжениот викенд на граничните премини во Северна Македонија за излез од државава

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Трајковска: Тројцата уставни судии албанци гласале против укинувањето на балансерот

Sase Ivanovski

Eтеми за кривичната пријава од МВР: Со погрешно утврдена фактичка состојба се креира линч, а мене ми е нарушен угледот

Sase Ivanovski

Во Општина Кисела Вода бил приведен државјанин на Косово кој бил баран од Интерпол

Sase Ivanovski

Чествување на единаесетти Октомври во градот Прилеп со пораки да не се заборави минатото и да се гради иднината!

Sase Ivanovski

Делегација на СДСМ по повод единаесетти Октомври положи цвеќе на загинатите борци од Народно ослободителната борба на Партизанските гробишта во општина Бутел

Sase Ivanovski

Ќе доцни ли примената на новите правила за влез во Европската Унија?

Sase Ivanovski

(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Орце Ѓорѓиевски: Една од најубавите вечери во мојот живот, преку театарска претстава заедно го одбележавме Светскиот ден на лицата со церебрална парализа и Детската недела

Sase Ivanovski

Тракторист тешко повреден во сообраќајка во Струмичко

Sase Ivanovski

Муцунски: На редовна работна средба го примив австрискиот амбасадор Мартин Памер, разговаравме за билатералната соработка меѓу двете земји, напредокот на нашата држава во процесот на европска интеграција, како и за други актуелни меѓународни и регионални прашања

Sase Ivanovski

Приведена српска државјанка на граничниот премин „Богородица“ во Северна Македонија, приложила фалсификувана возачка дозвола

Sase Ivanovski

Јапонското здружение „Нихон Хиданкјо” ја доби Нобеловата награда за мир, преживеаните од бомбардирањето врз Хирошима и Нагасаки

Sase Ivanovski

Европска Комисија: Секој втор пензионер во Бугарија е на работ на сиромаштија!

Sase Ivanovski

Има ли тајна врска меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин?

Sase Ivanovski

Германскиот танкер за нафта и хемиски производи „Аника” се запали во Балтичкото Море

Sase Ivanovski

Балансерот е минато, етничката припадност не смее да биде критериум за вработување, велат од Демократскиот сојуз

Sase Ivanovski

Свр Скопје: Утре 12ти сабота мостот „БЕЛАСИЦА” во периодот од 6 часот наутро до 18 часот попладне ке биде делумно затворен, поради снимање на филм

Sase Ivanovski

Јужнокорејската писателка Хан Канг е добитничка на Нобеловата награда за литература

Sase Ivanovski

Повеќе од 212.000 хрвати поради долгови завршија во личен стечај

Sase Ivanovski

Најмалку четворица загинати при руски напад врз регионот на градот Одеса во Украина

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Апокалиптични сцени од ударот на ураганот Милтон на Флорида, најмалку шеснаесет жртви, разрушени домови, автомобили и цели населби!

Sase Ivanovski

Започна увидот во опожарената зграда во општина Чаир

Sase Ivanovski

Ковачев на Фејсбук: Сања Божиновска е подложена на јавен линч затоа што е бугарка

Sase Ivanovski

Потврдена смртта на украинска новинарка во руско заробеништво

Sase Ivanovski

Земјотрес од 3,2 степени ја стресе Северна Македонија

Sase Ivanovski

Мухиќ: Зошто ние да промениме Устав и да внесеме бугари, а тие не го почитуваат нашето малцинство таму?

Sase Ivanovski

Сиљановска Давкова за укинувањето на „балансерот“: Уставниот суд требаше многу порано да ја донесе оваа одлука

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Филипче: Партизаните се бореа за слободна Македонија, а ние денес за напредна и интегрирана држава

Sase Ivanovski

Филипче: СДСМ ќе предложи закон за реално намалување на цените на производите

Sase Ivanovski

Британија: Украина не смее да користи ракети со долг дострел за да ја нападне Русија

Sase Ivanovski
Вчитувам....