Во Индија денеска се одржува шестата од седумте фази на парламентарните избори, на кои право на глас имаат 111 милиони луѓе во 58 изборни единици, вклучувајќи ја територијата на главниот град Њу Делхи и северните индиски држави Утар Прадеш и Бихар.
По шестата фаза ќе биде завршено гласањето за 89,5 отсто од вкупно 543 места во Долниот дом на индискиот Парламент. Гласањето за преостанатите 57 места во Долниот дом на 1 јуни ќе ги заврши шестнеделните избори што почнаа на 19 април.