Денес во просториите на општина Кавадарци од страна на претставници од Министерството за транспорт, претставници од Светска Банка, единица за имплементација на проекти ЕИП и специјалист за животна средина во присуство на градоначалникот Митко Јанчев, се одржа почетен состанок за развивање на план за одржлива урбана мобилност за Кавадарци.
На состанокот беа презентирани активностите за развивање на планот и распоред на истите, иницијативи за урбана мобилност поврзани со активни начини на транспорт (пешачење и возење велосипед) јавен транспорт, управување со сообраќајот, управување со паркирање, безбедност, промоција и кампањи.