Нов инцидент се случи на Косово. Запален е уште еден автомобил на северот. Во Косовска Митровица синоќа е запален автомобил „шевролет каптива“ на Србинот Н.М. регистриран на таблички Крагуевац.Како што пишува Коссев, сопственикот изјавил дека не постои ниеден мотив поради кој некој би му го запалил автомобилот. Рекол дека е приватник со години и дека со никого не бил во лоши односи. „Не работам во ниедна јавна установа, ни по косовскиот ни по српскиот систем. Па ете, дури и табличките ми се од Крагуевац“, кажал Н.М.Коссев наведува дека ова е 12-ти запален автомобил од почетокот на годинава. Ова е 63-то возило запалено од 2014 година во средините во кои живеат Србите“, објави порталот.
Месецов беше запален автомобил на Србинка од Лепосавиќ. По неуспешните преговори во Брисел, а на барање на САД, Косово сепак го одложи спроведувањето на одлуката за казнување на оние кои не ги пререгистрираа возилата од српски на косовски таблички за следните 48 часа. Како што јави дописиникот на МИА од Белград, претседателот на Српската листа Горан Ракиќ по средбата со српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека „Србите не можат да го толерираат теророт на Приштина и најави протести во сите институции“.