Задоволна од сработеното во првите сто дена во ресорот образование и наука, министерката Весна Јаневска најави дека ќе продолжат да работат со истото темпо и посветеност со цел да се подобри квалитетот на националниот образовен систем. Над милион учебници беа дистрибуирани на почетокот на оваа учебна година за сите ученици и училишта, а учебници по странски јазик ќе има за идната учебна година, вети Јаневска. До крајот на годината се очекува и покачување на платите на наставниците, но неизвесно е дали тоа ќе биде за очекуваните 12 проценти или пак за помалку.
– Сè уште сме во фаза на преговори и очекувам во брзо време да постигнеме договор и тој ќе биде сериозен, повеќегодишен договор, според барањата на МОН. Сè уште разговараме за можностите во буџетот, но она што СОНК го бара мислам дека ќе можеме да го изреализираме со текот на времето и годинава ќе имаме покачување на платите на наставниците.
За разлика од пред неколку месеци кога можностите беа речиси исцрпени, сега веќе се појавуваат можности за покачување на платите на наставниците – рече министерката Јаневска и додаде дека покачување на платите во овој период добиле универзитетските професори. Прочитај до крај на slobodenpecat.mk
View this post on Instagram