Страшна трагедија се случи денеска во Шид кога пожар зафати четири магацини на фабриката, при што загина еден работник. Пожарот избувнал денеска во попладневните часови, а на терен набрзо пристигнале и противпожарни единици. Пожарот брзо се проширил и покрај нивните напори да го задушат пожарот, ги зафатил сите четири магацини на фабриката.
Според информациите, работниците првично претпоставувале дека сите се надвор од опасното подрачје. Меѓутоа, еден од работниците пријавил дека постои сомнеж дека нивниот колега се уште е внатре во зградата. Пожарникарите го пребарале теренот и за жал го пронашле изгореното тело на несреќниот работник П.Ј.(40). Причината за пожарот се уште не е позната, но истрагата е во тек.