Дел од медиумите повикувајќи се на свои извори, неофицијално објавија дека тунелот бил откриен денеска наутро во акција на затворската полиција насочена кон спречување на можни обиди за бегство на осудени лица.
Неофицијално, во акцијата е откриен ископан тунел во должина од околу 60 метри. Недостасувале уште неколку метри за да се дојде до главниот преграден ѕид на затворот. Според првичните неофицијални информации, тунелот бил добро осмислен, а .осветлувањето било решено со пуштен кабел со светилки. Извор: инфомакс