Во последниот ден од кампањата, тимот на Камала Харис веруваат дека трката останува многу неизвесна, но велат дека се охрабрени од јавните и внатрешните анкети кои покажуваат дека мал дел од неопределените гласачи сè уште се наклонети кон Харис. „Нас ни е полесно да дојдеме до тие гласачи, отколку на Трамп“, изјави претставник на кампањата за Би-Би-Си.
Претставниците на кампањата нагласуваат дека одѕивот ќе биде клучен за победата, но велат дека внатрешните податоци покажуваат дека Харис останува фаворит меѓу жените и постарите гласачи во сојузните држави. Тоа се совпаѓа со последната анкета на Des Moines Register од саботата, која не само што ја покажува Харис со 3-процентна предност пред Трамп во „републиканската“ Ајова, туку уште поважно, предност од 20 поени пред поранешниот претседател кај жените од среден запад.
Исто така, покажа дека гласачите на возраст од 65 и повеќе, кои обично ги поддржуваат републиканците, ја фаворизираат Харис. Претставниците на кампањата не ставаат многу акцент на таа анкета, но велат дека виделе други позитивни знаци на нејзината сила во таканаречениот „син ѕид“ на средниот запад на Мичиген, Пенсилванија и Висконсин.
Помошниците на Камала Харис нагласуваат дека имаат уште работа во следните 24 часа, но велат дека нивното внатрешно истражување и предвременото гласање покажуваат дека Харис ги достигнува, а на некои места и ги надминува бројките што ги постигнал Џо Бајден во неговата победа во 2020 година.