Во прва посета на Општина Куманово беше делегација од ЕУ, на чело со Еди Греиф – Регионален советник за безбедност и антитероризам. Во негова придружба беа Христо Тончев – Политички советник и Даница Стошевска – Програм менаџер за внатрешни работи.
На средбата разговаравме за сите модерни предизвици, како и за справување со проблемот со илегална миграција и како Општина Куманово се избори со тој предизвик. Со мене беа и членот на мојот кабинет, Стефан Петковски и Раководителот на Сектор за образование, Александар Јовановиќ, кои воедно се и членови на АТЗ (Акцискиот тим на заедница), кој е формиран 2019 година и од кој многу општини во и вон Македонија земаа пример за работа.