фото: ТВ21, сменето името на уште една улица во Чаир
Улицата „Вуковарска“ во Чаир доби ново име од денеска таа ќе се вика „28 ноември“. Преименувањето се случи на прагот на празникот на албанското знаме 28 ноември. Како што објави ТВ21 таблата со новото име беше откриена во присуство на наследникот на Скендербег, Лорис, претставници на Амбасадата на Албанија и Амбасадата на Косово и голем број граѓани, со што била пренесена пораката дека овој потег претставува историски момент.
„Ова е најдобриот момент бидејќи оваа улица и овие граѓани овде но и цело Скопје на дарданите ќе имаат можност секој ден да го користат „28 ноември“ користејќи го името на оваа улица, која е нова адреса за многу наши сограѓани и ќе биде дел од нивното секојдневно функционирање“, изјави Висар Ганиу.Ова име е едно од 66-те најнови имиња во општина Чаир.