Полицијата во Шпанија уапси осум членови на нарко картелот, кој го сочинуваа Колумбијци и балканскиот картел. По тој повод запленети се 1.000 килограми кокаин, но тоа не е се.
Имено, според шпанскиот портал, Националната полиција во Шпанија утринава ја открила првата голема лабораторија за преработка на кокаин хидрохлорид, за која постои сомневање дека припаѓа на ќелија на „Балканскиот картел“. Оваа опасна банда, која според локалните медиуми ја сочинуваат Албанци, Срби и Хрвати кои се многу насилни.
Во оваа лабораторија се сомнева дека во производството на кокаин работеле Колумбијци и Балканци.
– Се претпоставува дека Колумбијците ја обезбедувале работната сила во лабораторијата, како и техничките знаења неопходни за формирање на овој тип лабораторија, додека членовите на балканскиот картел имале позиција на раководство и надзор на криминалните активности – пишува. шпанскиот портал „Ел дебата“.
Според нивните изјави, пронајдениот кокаин бил камуфлиран во градежен материјал сличен на гипс, од кој се запленети над 1.000 килограми.
Лабораторијата се наоѓала во рурална област со мал сообраќај, во град во близина на Камбрилс, имала капацитет за преработка од повеќе од еден тон, при што давала околу 400 килограми. Во оваа полициска акција учествуваа повеќе од 30 агенти од различни полициски единици, уапсени осум лица.
– Уапсени се осум лица, додека меѓу другото запленети се 25 килограми кокаин хидрохлорид, 70 килограми кокаинска база, 52 килограми марихуана, разновидна механизација, 6.000 евра и две возила – објаснуваат од истрагата за локалните медиуми.Инаку, оваа голема лабораторија е откриена благодарение на инспекторите кои ги следеле лицата кои биле под истрага.
– Имале голем број безбедносни мерки кои наводно биле изречени од членовите на Балканскиот картел за да си ги покријат трагите. Имено, откриено е дека користеле неколку различни возила кои ги изнајмиле. Се движеле кон магацинот каде донеле голем број проѕирни шишиња означени како опасен материјал – објаснил соговорникот од истрагата за локалните медиуми и додал дека членовите на бандата користеле и мотори за побрзо и полесно движење.