Сега и веднаш е вистинско време да се зборува и да се работи на важните теми каква што е зачувувањето на животната средина, а Интернационалниот ден на редукцијата на емисиите на CO2 нека биде повод да зборуваме уште погласно.
На нашите локалитети, во согласност со законската регулатива, дефинирани се вкупно 30 мерни места за следење на квалитетот на воздухот. Мерењето на емисиите на стакленичките гасови го правиме со примена на принципите за одржлив развој на Обединетите нации, на насоките од Европскиот зелен договор на Европската комисија за намалување на негативните влијанија од климатските промени и на стандардот GRI 305 емисии. Во 2022 година од фотоволтаичните централи на Алкалоид се произведени 500MWh електрична енергија што одговара на заштедена емисија на 250-500 тони CO2, како и заштеда од други штетни емисии.
Овој еколошки аспект, како и секој друг, го следиме со огромно внимание, зашто знаеме дека воздухот го дишеме сите ние и под ниту еден услов не би требало да дозволиме да го загадиме.
Здравјето пред сè!