На второ и трето место се Индија и Индонезија, кои исто така отвориле нови капацитети за јаглен.
Во извештајот се посочува дека минатата година забави затворањето на електраните на јаглен ширум светот.Минатата година биле пуштени во употреба 69,5 гигавати електрани на јаглен, додека 21,1 гигавати биле затворени. Според извештајот, глобалниот капацитет на електраните на јаглен минатата година се зголеми за 48,4 гигавати на вкупно 2.130 гигавати.
Резултатите од 2023 година се аномалија, бидејќи сите показатели укажуваат на спротивен тренд, изјави директорката на програмата за јаглен на „Глобал енерџи монитор“, Флора Шампеноа.Таа додаде дека е потребно побрзо затворање на електраните на јаглен и да не се градат нови капацитети.Во спротивно, можеме да заборавиме на исполнувањето на нашите цели од Парискиот договор за климата, нагласи Шампеноа.