Полско знаме/ фото: МИА
Вработените во полските дипломатски претставништва во Африка, Азија и Блискиот Исток се обвинети за примање мито во замена за издавање визи за Шенген зоната, јавуваат германските медиуми.„Ова е најголемиот скандал во Полска во 21 век“, изјави лидерот на опозицијата и кандидат на либерално-конзервативната Граѓанска платформа (ПО) Доналд Туск, коментирајќи го покренувањето истрага против седум членови на полската дипломатија и апсењето на тројца лица обвинети за мито и корупција во врска со издавањето визи за Шенген зоната.
Туск и некои опозициски медиуми како Газета Вуборкса говорат за издавање на над 250.000 работни визи за Полска, а со тоа и за Шенген зоната, кои биле издадени во последните 30 месеци во полските дипломатски претставништва во Африка и Азија. На крајот на август, заменик министерот за надворешни работи задолжен за конзуларните претставништва, Пјотр Ваврзик, бил разрешен без образложение, а неговиот оддел бил претресен од полската антикорупциска канцеларија ЦБА.
Според медиумите, апликантите во Индија плаќале до 40.000 евра за издавање визи за Шенген зоната. Според истите извори, многу луѓе преминале во Германија со полски визи. Туск ја обвини владејачката партија ПиС за „лицемерие“ затоа што, од една страна, го блокира компромисот на ЕУ за политиката за азил, а од друга страна, нејзините дипломати издаваат незаконски визи за мито.Неколку недели пред изборите во Полска, владејачката ПиС ги отфрла обвинувањата на опозицијата и дел од печатот. „Тука нема никаков скандал. Тоа е глупава и криминална идеја на неколку луѓе кои немаат никаква врска со владата“, изјави претседателот на владејачката ПиС, Јарослав Качински.