Ројтерс пренесува дека фотографиите на BNPB покажуваат автомобили и патишта покриени со пепел. Локалните власти соопштија дека вулканот висок 2.891 метар еруптирал денеска во 14 часот и 54 минути по локално време и дека вулканската пепел со голем интензитет се проширила во околните области.
Властите им забранија на жителите и туристите во радиус од три километри од кратерот да излегуваат, а второто највисоко ниво на тревога е зголемено на планината Марапи, јави Танјуг.„Им дистрибуиравме маски на жителите и им рековме да останат внатре“, рече локален претставник за управување со вонредни состојби.Индонезија се наоѓа на таканаречениот „Огнен прстен“ на Пацификот и има 127 активни вулкани.