На концертот ечеа „Ноќна Кралица“, „Спаси ме“, „Фројд е жив“, „По навика“, „Скопските девојки“, „Допри ме“, „Прашина“, „Мачка со 9 животи“, а публиката пееше на цел глас и покажа дека ѝ недостигаат вакви случувања, на едно место да ги видат своите омилени пејачи и да се сетат на едни од најубавите времиња на македонската сцена.
Вчеравечер (30.11) во спортскиот центар „Јане Сандански“ се одржа најголемата музичка забава за оваа година, „99 Megastars“.Ѕвездите од крајот на 1990-тите и почетокот на 2000-тите, но и некои нови имиња, ги пееја најголемите хитови од македонската музичка сцена.По многу години на концерт пред македонската публика запеаја Искра Трпева, Ребека, Александар Ристовски Принц, Верица Пандиловска, „Куку Леле“…
A тука беа и Маја Гроздановска Панчева, Бени Шаќири, Тони Зен, Кристина Арнаудова, Ламбе Алабаковски, Арчи, Наде Талевска, Бојана Скендеровски, Ивона Јо, Александар Тарабунов, Ристо Самарџиев, Маријан Стојановски, Теа Трајковска и многу други.
Во салата ечеа „Ноќна Кралица“, „Спаси ме“, „Фројд е жив“, „По навика“, „Скопските девојки“, „Допри ме“, „Прашина“, „Бела“, „Мачка со 9 животи“, „Да пукнеш што ми направи“, „Обиди се“, „Постела рози“, „Зборови“…
Публиката пееше на цел глас, се забавуваше и покажа дека ѝ фалат вакви случувања, особено кога на едно место ќе ги видат своите омилени музичари и ќе се сетат на едни од најубавите времиња на македонската сцена.