„Вчерашниот ден беше најтежок за сите вработени во Скопје ЗОО. Ненадејно, на 44 години не напушти нашиот сакан и почитуван колега зоонегувател Ристе Трајковски“ соопштија денеска од скопската Зоолошка градина.Оттаму велат „Ристе беше вреден работник, омилен меѓу животните, а неговите фотографии за поврзаноста со жирафите го обиколија светот“.
„Нека ти е светол патот, почивај во мир колега и сочувство до семејството од целиот тим на Зоолошка градина Скопје“ се вели во соопштението.
Од ЗОО-Скопје велат „за трагедијата да биде уште поголема, околу 16:00, го загубивме и нашиот Флопи – една од трите жирафи за кои се грижеше Ристе. Вработените дадоа се од себе да го спасат, но и покрај сите максимални напори, Флопи замина на небото заедно со нашиот Ристе“.„Законските процедури и постапки се запазени и се во тек, штом имаме официјални резултати од обдукцијата на Флопи, веднаш ќе биде известена целата јавност“ соопштуваат.