Притоа, во рамки на Светскиот ден на детето, Отсекот за превенција при СВР Куманово во центарот на градот организираше настан на кој што учествуваа ученици од повеќе образовни установи во градот, а под мотото – „Безбеден град, убав град“, додека пак во Тетово полициски службеници од СВР Тетово во соработка со Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата започнаа со реализација на проектот – „Училишни сообраќајни патроли“ со кој што ќе бидат опфатени повеќе основни училишта на подрачјето на Тетово.
И во Битола полициски службеници од СВР Битола под мотото „Кажи не на дрогата, да на животот“ реализираа превентивно-едукативна работилница со основците од основното општинско училиште „Кирил и Методиј“ од Битола. Инаку, вчера и во Ресен полициски службеници од ОВР Ресен при СВР Битола организираа средби со граѓани на тема поврзана со превенцијата од имотни деликти.