МАКТЕЛ

     

ВЉУБЕНИ ВО МАКЕДОНСКАТА КУЛТУРА И ТРАДИЦИОНАЛНАТА ТРПЕЗА: Кинески студенти го изучуваат македонскиот јазик на Универзитетот за странски студии – Пекинг

      

Меѓу 101 странски јазик, вклучувајќи ги рускиот, англискиот, францускиот, германскиот, шпанскиот, полскиот, јапонскиот, арапскиот, камбоџанскиот, лао, шведскиот, португалскиот, албанскиот, италијанскиот, хрватскиот, словенечкиот, грчкиот, српскиот…на престижниот Универзитет за странски студии – Пекинг, се изучува и македонскиот јазик.

„Лулка на дипломатијата“ како што се нарекува оваа значајна високо образовна институција, каде всушност, се изучуваат сите официјални јазици со кои Република Кина има дипломатски односи, секако, во насока за подобро да им служи на кинеските дипломатски напори, датира од почетокот на Втората Светска Војна од 1941 година, кога била основана група за учење руски јазик на Воено-политичкиот универзитет што и пркоси на јапонската окупација. По основањето на Народна Република Кина, школата била под управа на Министерството за надворешни работи сè до 1980 година, кога Институтот е директно управуван од Министерството за економија. Во 1994 година, го доби своето сегашно име, Универзитет за странски студии – Пекинг, кој денес нуди најголем број и европски јазици, дури 25, повеќе од кој било кинески универзитет, а студентите можат да изберат да учат англиски како втор јазик, но можат да учат и трет или четврти јазик.

   

 

 

„Лулка на демократијата“ – дом на повеќе од 9.500 студенти

За време на повеќемесечниот престој во Кина имавме шанса одблиску да ги видиме можностите и импресивната работа на Универзитетот, каде студираат повеќе од 9.500 млади луѓе, Кинези, како и повеќе од 1.200 интернационални студенти.

Идните академски граѓани учат од врвни професори од Кина, нив ги има околу 1.300, како и 200 странски професори од 60-тина земји. Меѓу нив е и младата лекторка од Македонија, Рената Пенчова која е воодушевена од интересот за узучување на македонскиот јазик од страна на младите Кинези.

– Македонскиот е 101. Јазик во групата на странски јазици на Универзитетот за странски студии – Пекинг. Катедрата по македонски јазик е отворена практично годинава со заемна соработка помеѓу УКИМ и Универзитетот за странски студии во Пекинг. Меморандумот за соработка помеѓу двете високообразовни институции беше потпишан лани во декември со цел продолжување на културната размена на академски искуства, знаења и студенти. Двата универзитети сега работат на полето на науката, во заеднички интерес за промоција на македонскиот јазик, литература и култура. Воодушевува фактот што кај студентите постои навистина голем интерес да го изучуваат нашиот јазик и нашата култура, а освен тоа, тие се многу активни и во настаните кои ги организираме од Катедрата. Еден од нив беше и настанот во македонската амбасада во Пекинг по повод големиот празник посветен на словенските просветители, браќата Свети Кирил и Методиј. , Потоа следуваа и предавања на Универзитетот за економија и право – Жонгнан во Вухан.

 

 

Всушност таму имавме панел дискусија на тема кинеско-македонско пријателство, каде навистина имаше голем интерес. По повод значењето на кирилметодиевото дело и Денот на озаконувањето на македонскиот правопис, 7. јуни, се реализираа предавањата: „Значењто на македонскиот јазик и култура во зајакнувањето на кинеско-македонското пријателство“ и „Делото на сесловенските просветители“. Предавањата ги одржав јас, како и раководителката на Катедрата за македонски јазик, Цјао Чен, а поканата пристигна од професорката Фросина Витковска која работи на Универзитетот Жонгнан. Ценам дека изучувањето на македонската култура од страна на кинеските студенти е исклучително важна за уште посилно продлабочување на кинеско-македонското пријателство. Развојот на македонистиката во Кина ќе придонесе успешна соработка меѓу двете земји. Проектите поврзани со македонистиката во Кина се силно поддржани и од нашата амбасада во Пекинг, односно од амбасадорот Сашко Насев, вели во нашиот разговор Пенчова.

Таа посочува дека предметот е изборен и може да го избираат студенти од сите катедри, дури имаме имаат студент кој не студира на Универзитетот за странски студии – Пекинг, а сепак избрал да го изучува македонскиот јазик.

Сакаат да дојдат во Македонија, да ја истражуваат културата и да уживаат во традиционалната трпеза

Љубопитноста е „виновна“ за младите Кинези да изберат да го изучуваат македонскиот јазик, а со тоа да навлезат и во откривањето на богатата македонска културна ризница. Воодушевени се од нашата традиционална трпеза, па дел од нив со кои разговаравме планираат да ја посетат нашата земја, да го видат Охрид и „да направат проверка“ колку го знаат македонскиот јазик.

-Љубопитноста ме натера да почнам да го учам македонскиот јазик. Мора да признаам дека не знаев многу за Македонија пред да ги земам часовите на Катедрата по македонски јазик на Универзитетот за странски студии – Пекинг. Но, нема да застанм тука, мојата љубопитност сега е уште поголема, па сакам да ја истражувам и македонската култура. Неверојатно е чувството кога прв пат се сретнувате со нешто сосема ново и непознато, сосема различно од своето, вели  Бахатихан Вулипан, која освен тоа што зборува македонски, зборува уште и англиски и казакстански.

 

 

Џанг Синсин, која инаку зборува и англиски и француски јазик, и покрај тоа што не студира на Универзитетот за странски студии – Пекинг, сепак зема часови и по македонски јазик на нашата Катедра, а вели дека се одлучила на ваков чекор исто така од љубопитност.

-Јас не сум студентка на БФСУ, но училиштето ми предложи за можноста да го изучувам овој јазик и јас се запишав од љубопитност. Претходно не знаев многу за македонската култура, но како минува времето се подлабоко навлегувам во оваа сфера. Различно, возбудливо, интересно, со овие зборови можам да го опишам сето она што досега го совладав од предавањата од страна на моите професорки. На часовите не само што го учиме за македонскиот јазик, туку добиваме сознанија и за богатата македонска култура. Главно тоа го правиме преку видео материјалите, но се надевам дека скоро ќе допатувам во вашата земја, па моите впечатоци ќе бидат уште подлабоки. И тука имам пробано македонска традиционална храна, но верувам дека македонската трпеза ќе ја искусам и во некои од убавите македонски градови кои засега ги гледаме за време на предавањата, вели младата студентка Синсин.

Импресивни бројки, досега Универзитетот „произведе“ повеќе од 400 кинески амбасадори и повеќе од 2.000 советници

Инаку, библиотеката на Универзитетот за странски студии – Пекинг брои околу 1,53 милиони тома книги, повеќе од 2,16 милиони е-книги, 1.123 периодични изданија и 102 бази на податоци на кинески и странски јазици. Во последниве години, библиотеката дополнително ги прошири своите збирки во областите на политиката, правото, дипломатијата, економијата, новинарството и менаџментот. Има изградено интелигентни училници како дел од добра средина за учење, постигнувајќи извонредни резултати. Во своето повеќедецениско постоење има потпишано договори за размена и соработка со 324 универзитети и академски институции од 81 земја и региони.

Водени од мотото „Учи со отворен ум, служи на големата кауза“, престижната високообразовна институција во Пекинг обучи значителен број на професионалци со силна јазична компетентност кои продолжија да работат во и надвор од Кина како дипломати, преведувачи, едукатори, претприемачи, новинари, адвокати и банкари, меѓу другите занимања. Во заедницата на алумни на БФСУ, над 400 работеле како амбасадори, а над 2.000 како советници.

   

Најново

Унгарија воведува нови ригорозни закони и казни за дилерите на дрога

Sase Ivanovski

Почина поранешниот претседател на Уругвај, омилениот и скромен Пепе Мухика

Sase Ivanovski

САД санкционираше параван-фирма на Иран која заработувала милијарди преку шверц на нафта

Sase Ivanovski

Нови Сад: Ученици ѝ испратија писмо на поддршка на професорка која во притвор штрајкува со глад

Sase Ivanovski

Скоро секој шести работник на „Нисан“ ќе биде отпуштен

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Украинската војска тврди дека уништила руски ракетен систем вреден 45 милиони долари

Sase Ivanovski

ИК на ВМРО-ДПМНЕ: Овластен е Мицкоски да предложи нови кадровски решенија, одењето на Таравари значи паѓање на уште една маска на коалицијата на криминалот

Sase Ivanovski

Бела куќа: Саудиска компанија ќе инвестира 20 милијарди долари во вештачка интелигенција во САД

Sase Ivanovski

Песков: Руската делегација ќе ја чека украинската страна в четврток во Истанбул

Sase Ivanovski

Петрески: Трошокот за општеството е поголем од унгарски кредит, бидејќи каматната стапка ја плаќаат даночните обврзници

Sase Ivanovski

Македонските граѓани кои планираат да патуваат од аеродромот во Тирана, на 15 и 16 мај треба да пристигнат 3 часа пред летот

Sase Ivanovski

Анализа на Си-Ен-Ен: Деловните врски на семејството Трамп со Блискиот Исток се зголемија повеќе од трипати

Sase Ivanovski

Муцунски: ВМРО-ДПМНЕ нема да соработува со некој што е близок со ДУИ

Sase Ivanovski

Се сакаа си делеа комплименти на крај ни најавеното кафе за збогум ќе го немале

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Првиот милијардер во Албанија го споделува своето патување

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Кој профитира, а кој губи од „раситнувањето“ на владината коалиција – Меџити го обвинува Таравари

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Томовски: Доцниме, но државните возила наскоро ќе добијат таблички во боја

Sase Ivanovski

Автокампот Рино во Струга е надобро рангираниот во Македонија

Sase Ivanovski

Ножеви и мачета пронајдени во автомобил на Табановце, приведени Романци

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Дали Крис Павловски ја бара гробницата на Александар Велики?

Sase Ivanovski

22 ОД 34 ОПШТИНИ ВО ГРАДОВИТЕ НЕ ГО ИСПОЛНУВААТ СТАНДАРДОТ ЗА ОЗЕЛЕНОСТ, УТВРДИ ДРЖАВНИОТ ЗАВОД ЗА РЕВИЗИЈА

Sase Ivanovski

Кумановец измамен за над 100.000 евра. „Купувале“ фиктивни станови

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Свинската маст се враќа на трпезата: Научно оправдана и здрава

Sase Ivanovski

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА СПОРТ ДОНЕСЕ ИСТОРИСКА ОДЛУКА, ОФИЦИЈАЛНО ГО ПРИЗНА ММА СПОРТОТ ВО МАКЕДОНИЈА

Sase Ivanovski

Муцунски: Економската и трговската соработка во фокус на средбата со државниот секретар Хакан Јеврел

Sase Ivanovski

Шест бугарски државјани осудени за шпионажа во корист на Русија во Обединетото Кралство

Sase Ivanovski

Меѓународната организација за цивилно воздухопловство утврди дека Русија го соборила летот MH17 во 2014 година

Sase Ivanovski

Васил Јованов осуден на 12 години затворска казна

Sase Ivanovski

Дезинформација е дека од авиони ќе нè прскаат со вакцина против ковид-19

Sase Ivanovski

Операта „Набуко“ на сцената на НОБ на 19 мај во рамки на „Мајски оперски вечери“

Sase Ivanovski

Вучиќ: Многумина во ЕУ не ја одобруваат мојата посета на Москва, но се надевам дека ќе имаат разбирање

Sase Ivanovski

Депардје доби 18 месечна условна затворска казна за сексуален напад на две жени

Sase Ivanovski

АНАЛИЗА: Внатрешниот долг за три месеци зголемен за 25,5 милиони евра

Sase Ivanovski

Семејството на Кулакова повикува на протест по пресудата на Васил Јованов

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ и ВРЕДИ со рокада во образованието и во здравството?

Sase Ivanovski

Худолин: Средствата од Планот за раст се префрлаат по спроведувањето на реформите, а не однапред

Sase Ivanovski

Скопјанец осомничен за измама со фиктивна продажба на станови

Sase Ivanovski

Играта „Dune Awakening“ е во фаза на отворена бета

Sase Ivanovski

Контраспин: Таравари до вчера беседеше дека Мицкоски со право бара гаранции за во ЕУ

Sase Ivanovski

Пренџов: Ќе видиме дали некој од неговите ќе му верува на Таравари и дали ќе поднесат оставки од функциите кои ги извршуваат

Sase Ivanovski

Пренџов: Сè додека оваа актуелна политичка генерација предводена од премиерот Мицкоски е на чело на државата, Али Ахмети и ДУИ нема да бидат дел од Владата

Sase Ivanovski

„Гуш и бац е љубов“: Ден кога децата учеа, се играа и се поврзуваа без предрасуди

Sase Ivanovski

Влада: Усвоена е информацијата за набавка на инсулин и друга медицинска терапија за дијабетичарите, ќе се градат и реконструираат 30 спортски сали во основните и средни училишта

Sase Ivanovski

Јаневска: растат платите во образованието, инвестираме во инфраструктурата и во нови наставни програми и учебници

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Приведен велешанец, управувал возило под дејство на алкохол и физички нападнал полициски службеник

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Претрес во Битола, пронајдена дрога, приведено едно лице

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манасиевски: Досега не се разговарало за размена на ресори, Таравари пак се интересираше само за бизниси и за Груби и за Заев

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Тошковски: Размена на искуства, знаење и силна поддршка од Обединетите Арапски Емирати во градење на модерна, успешна и напредна полиција

Sase Ivanovski

Министерство за финансии: Димитриеска-Кочоска во Брисел на 11. Економски и финансиски дијалог со ЕУ – Реформите остануваат клучни за конкурентноста на европската економија во контекст на сегашните геополитички случувања

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Заменик министерот за внатрешни работи Исени оствари средба со турскиот амбасадор Н.Е.Фатих Улусој

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Kривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување

Sase Ivanovski

ЈП Комунална хигиена-Скопје: ДЕМАНТ НА ИЗЈАВА НА ДЕЈАН МИТЕСКИ

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС, партија која ја распродаваше државата како на попуст во трговски центар, зборува за надворешна политика

Sase Ivanovski

Средба Жаклина Пешевска, со полковничката Антониела Станковска-Будимир: Заложби на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите во унапредување на жените во одбраната

Sase Ivanovski

Одземена лиценцата на Агенцијата што кобната ноќ ја обезбедуваше дискотеката „Пулс“ во Кочани

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Обвинителот Марковски за пресудата од 12 години: Денешниот ден за Обвинителството е поголема победа, Обвинителството го задржува правото на жалба и да бара повисока казна

Sase Ivanovski

Јермак: Отсуството на Путин во Истанбул ќе биде „последен сигнал“ дека Москва не сака завршување на војната

Sase Ivanovski

Девојката со Путин не му е ќерка, креирана е со вештачка интелигенција

Sase Ivanovski

Ерол Ризаов: Која е најголемата цел на премиерот Мицкоски

Sase Ivanovski

Приведена скопјанка осомничена за измама при продажба на стан

Sase Ivanovski

Во Индија 14 лица починаа откако испиле отровен пијалок

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ: Влада составена само за лични интереси е логично да се распаѓа

Sase Ivanovski

Кошта на средба со Вучиќ: Топката е на ваш терен

Sase Ivanovski

СДСМ: Целосен дебакл на надворешната политика – Владата не знае каде тера

Sase Ivanovski

Јаневска: Премиерот ќе одлучи дали ќе бидам министерка за здравство

Sase Ivanovski

Косовското собрание ниту во 15-тиот обид не успеа да избере претседател и потпретседатели

Sase Ivanovski

Нема да има реконструкција, туку само смена на министри, велат од Владата

Sase Ivanovski

Отстранета дивоградба на улица Киро Крстевски – Платник, просторот ќе се намени за граѓаните

Sase Ivanovski

Јаневска: Лажните дипломи се јавна тајна, но тешко се докажува криминалното дело

Sase Ivanovski

Приведен велешанец кој возел пијан и нападнал полицаец

Sase Ivanovski

Србија им објави војна на фалсификаторите на мед

Sase Ivanovski

Фрчкоски за кривичната пријава: Срамен притисок врз критичарите на власта

Sase Ivanovski

Шведски дипломат осомничен за шпионажа е уапсен во Стокхолм

Sase Ivanovski

Владата со суперапликација ќе ги доближува услугите до граѓаните

Sase Ivanovski

Жерновски: Ниедна политичка партија не напушта Влада која е успешна – АА не е било која партија, туку главниот senior partner

Sase Ivanovski

Четири бугарски минерални води аплицираат за поголема европска заштита

Sase Ivanovski

Семејството на Фросина повикува утре на протест по пресудата за Васил Јованов

Sase Ivanovski

Индиски возачи управуваат со македонската градежна механизација

Sase Ivanovski

Политичкиот егоизам предизвикува блокада на Косово

Sase Ivanovski

(ФОТО) Градското собрание Хилверсум во Холандија

Sase Ivanovski
Вчитувам....