В.д. директорката на ЈП Комунална хигиена – Скопје, Косана Николиќ Мазнева, денеска учествуваше во манифестацијата организирана од страна на Градот Скопје, по повод одбележувањето на 13 Ноември – денот на ослободувањето на нашиот град.
Ми беше особена чест како претставник на ЈП Комунална хигиена-Скопје да им оддадам почит на ослободителите на градот Скопје на денот кога се одбележуваат 78 години од неговото ослободување, а моја заложба секогаш ќе биде екипите на Претпријатието преку своите активности и дејствување на терен секојдневно да го одржуваат максималното ниво на хигиената и чистотата во нашиот град, во насока на реализација на нашата визија за модерно и чисто Скопје.“-истакна в.д.директорката на ЈП Комунална хигиена – Скопје, Косана Николиќ Мазнева.