16.8 C
Скопје
19/06/2025 05:18
МАКТЕЛ

   

Вo љубовна врска со ѓаволот!

      

Мерсел Биљали

Силен ветер го срушил малиот авион во Сахара. Пилотот загина, додека другиот патник доктор Елдар за големо чудо се спасил. Тргнал по незнаекаде низ пустинска песочна магла создадена од силен пустински ветер. По два дена, целиот изнемоштен, жеден и гладен стаса до една мала оаза со неколку куќи. Домаќините великодушно го угостија иако скромно имале, и  сè  правеле несреќниот патник да се чуствува добро. Во еден момент доктор Елдар многу се изначуди кога слушнал како една жена цело време се моли со раце дигнати кон небото изговорејќи го неговото име. „Од кај па таа го знае моето име?!“ – си се запрашал докторот во себе! Домаќините му објаснија дека таа има тешко болно дете кого само некој доктор Елдар може да го излечи. Но, дека до него нема никакви можности да дојде. „Па ете докторот дошол до кај неа, оти пустинската магла го донесе!“ – додаде низ смеа доктор Елдар!

   

И кај нас ветер и магла има во изобилие, ама не донесува ништо добро. Продавачи и сеачи на магла обично се едни лажни патриоти, на кои маглата им служи како сретство за покривање грабеж. Затоа толку години живееме во пустинска магла, од која стотина илјади млади фатиле магла. Политиката, демократијата, владеењето на правото, економијата, здравството, образованието, културата, мерит-системот и професионалноста со декади ни беa обична магла. Бизнисот со магла ни е профитабилна гранка, оти сеуште има купувачи на магла. Затоа продолжува назначување на секакви „ј…ветровци“ по институциите кои штом чуствуваа друг ветер се свртуваат накај што дува ветерот. Таквите ветришта цело време ни ги менуваат патоказите, па затоа никако да излеземе од пустината. Но, ако човекот не знае за каде плови, ниту еден ветер не му е поволен. Или пак, ако не му можеме ништо на ветерот, барем едрата можеме да ги приспособиме.Не треба да очекуваме да ни се случи некој доктор Елдар за да не излечи од темнина поради која не можеме да видиме светлина! Нема реформи со деформирани умови, а времето тече пребрзо за тие што ветуваат, а пребавно за тие што се надеваат. Темна магла насекаде, и сеачите на магла имаат ум ама немаат срце. Кај народот обратно. Тој ја бара среќата таму кај што други ја загубиле!

Македонија јава бесен коњ!

По изборите кај нас, ЕУ процесот забрзано се движи кон водопад. ФАЦ смета дека новата власт во Скопје е сојузник на премиерот Орбан. Премиерот Мицкоски самиот Орбан го опиша како „пријател“! Но сè  прокипело откако премиерот Орбан ја посети Кина и Русија, каде што Орбан ја осуди, „погрешната политика на ЕУ,на целиот Запад и на полската влада кон Русија“. Силно реагирал ЕУ, а американскиот амбасадор во Будимпешта – Дејвид Пресман, без дипломатски ракавици го нокаутирал премиерот Орбан: „Она што беше точно за средбата на Орбан со Путин во Кина важи и за средбата со Путин во Москва“.

Разводот меѓу долгогодишните сојузници Полска и Унгарија е многу брутален, а тоа ќе има длабоки последици по Унгарија и за сите тие што се кладеа на унгарскиот коњ (кај што за жал припаѓа и Македонија). Тие сега јаваат бесен коњ свртени накај опашка! Игнорирањето на Коридорот-8 може многу скапо да ја чини државата. И политички и финансиски. Полскиот заменик министер за надворешни работи ја повика Унгарија да го напушти НАТО и ЕУ! А Брисел на Унгарија веќе и ги има блокирано над дваесет милјарди евра. Дополнително сега Орбан се обвинува дека сакал да создаде раздор меѓу оските „Берлин-Париз“ и „Лондон-Варшава-Киев-Балтик-Скандинавија“.

Тие што се врзуваат за Орбан, ќе се соочат и со многу проблеми. Шансите за да победи Трамп сега се мали. А Камала Харис жестоко ќе удри по Орбан и неговите сојузници. На Орбан му се спрема уична револуција, оти јавно го поддржува глобалниот хаос кој преку етнички поделби и миграции е насочен кон ранливите области – како што се Индо-Пацификот, Блискиот Исток, Сахел, Источна Европа и Западен Балкан. Глобалната антидемократска оска Русија – Кина – Иран (која ја проширува својата контрола врз Блискиот Исток и теснецот Баб-ел Мандеб и Хормуз) – сака да го докрајчи постојниот светски поредок.

Брисел работи на тоа унгарското претседателство со ЕУ да помине со општ бојкот од страна на европските институции и држави. Високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Жозеп Борел, изјави дека претстојниот состанок на министрите за надворешни работи ќе се одржи во Брисел, а не во Будимпешта, како што си е вообичајно. Исто така неслучајно, Киев одлучи да не ја „пушти“ нафтата на Лукоил низ украинска територија, што може да предизвика голема енергетска криза во Унгарија. Потоа, Унгарија наскоро ќе мора да плати висока казна, според одлуката на судот во Луксембург во однос на мигрантите.

Евтини „патриоти“!

ВМРО, не го менува Уставот. А тоа ќе нè чини многу скапо. Ај да видиме низ примери во светот како ги решавале горливите проблеми! Во 1962 година Русите тајно инсталирале ракети со атомско полнење (СС-4) во Куба. Штом Американците разбрале веднаш поставија поморска блокада околу Куба попратен со ултиматум. Светот бил доведен до тотална нуклеарна војна. Темпераментниот Кенеди бил опкружен со „турбо-патриоти“ спремни на целосно уништување на светот, но сепак тој повеќе ги ценел умерените. Хрушчов во последен момент отстапил и светот бил спасен. А што би се случело кога тој би ги послушал големите „патриоти“ околу себе!? Светот ќе бил вратен во времето на амебите!

Друг пример е Чеченија, која се стекна со фактичка независност за времето на Јелцин (со Хасвјуртскиот договор во 1997 година). Нивниот тогашен водач Аслан Мушадов почна да гради прозападна секуларна држава. Но, кога неговите противници го промовирале популистичкиот „ислам“, на власт дошол верскиот водач Јарданбијев. Тој донесе политичка бруталност, масовни убивства, киднапирања и невиден криминал во имена Алах. Обичните луѓе почнаа да се свртат кон Русите барајќи спас. Независтоста на Чеченија заврши во буниште.

Типичен пример е Украина. Имено, по победата на прозападната алијанса над коалицијата на украинскиот проруски претседател Виктор Јанукович, новите револуционерни „патриоти“, наместо да дозволат Јанукович да си го заврши мандатот (за неколку месеци) како што бараше, тие отидоа да го рушат со сила и да го понижат. Тој избега во Русија и со помош на Путин подигна вооружено востание на руското население во Украина. По многу жртви, Украина го загуби Крим и Севастопол. По некоја година почна директната војната и под окупација (и анексија) на Русија падна целиот Донбас. Светот со години плаќа дебела цена поради таа војна.

На Србите од Српска крајина во Хрватска им било понудено решение како „држава во држава“ (Планот „Z-4“ – 1995 година). Крајина би ги имала сите органи како една држава, дури и своја валута и војска. Но, тогашните „патриоти“ тоа го одбиле по што следила операцијата „Олуја“ со многу жртви и 200 илјади Срби исселени.

Дури и нуклеарните напади во Хирошима и Нагасаки се резултат на „патриотска“ непопустливост на едни воени команданти врзани за јапонскиот крал. Војната сепак заврши, но сега сомногу трагични и тешки последици за Јапонците!

Тешка цена плати и милошевичевата Србија за Косово. Тогаш нашата просечна плата беше четири пати поголема од нивна. Но, со вешта политика на компромиси кон Западот, Србија не само што стаса до просечна плата од над 800 евра, туку стана главен регионален играч. Сега Македонија е претворена во нејзин сателит, што е многу опасна игра. Никако едни луѓе да сфатат дека што поголема доза фолк патриотизам, тоа помала доза нормален живот. А не е здраво да претпоставиме што може да се случи со нас ако и натаму ја игнорираме нормалноста! Историчарката Дубравка Стојановиќ напиша книга со наслов „Минатото доаѓа“. Некои не знаат дека мракот знае да се шири со светлосна брзина. А нема сам по себе да ни дојде доктор Елдар! Минатото ни доаѓа, а ние тешко разбираме дека добрите нешта не доаѓаат по случајност, туку поради ум и трдг! Уште не се сфаќа дека подобро тука да ги задржите луѓето отколку лажната историја.

 

   

Најново

(ВИДЕО) Боно блескаше на голот, Реал Мадрид не го победи Ал Хилал

Sase Ivanovski

Овие 10 намирници се најдобри и најздрави за појадок: Одлични се за зголемување на енергијата и за сити до ручек

Sase Ivanovski

Филипче: Наместо економски бум, Македонија тресна на дното во Европа

Sase Ivanovski

Ристески од Штип – Објавен оглас за обука на работно место кај конкретен работодавач

Sase Ivanovski

Крива Паланка беше домаќин на вискока делегација од Република Словенија

Sase Ivanovski

Руските саботажи во Европа во пораст

Sase Ivanovski

МАКЕДОНИЈА НЕЛЕГАЛНА Во цела држава биле пријавени над 473 илјади нелегално изградени објекти, а 201.495 сѐ уште имаат статус на дивоградба!

Sase Ivanovski

Филипче пред градската организација на СДСМ за Скопје: Скопје е затрупано со ѓубре, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ го држат градот во заложништво

Sase Ivanovski

Ограбил куќа во Скопје, украл накит и техника вредни 296.000 денари – обвинителството бара притвор

Sase Ivanovski

За првпат, Иран лансираше ултратешка ракета „Саџил“ со среден дострел кон Израел

Sase Ivanovski

МОЖНИ СЕ ПОПЛАВИ ВО АРАЧИНОВО, СТАЈКОВЦИ И НА СКОПСКА ЦРНА ГОРА Повик до граѓаните да не излегуваат од дома

Sase Ivanovski

Град Скопје објави јавен повик за субвенции за велосипед!

Sase Ivanovski

Можни се поплави од Скопска Црна Гора вечерва, ЦУК има важно предупредување

Sase Ivanovski

Министерот Дурмиши: Над 4.500 граѓани веќе аплицирале, голем интерес од невработените за мерките од Оперативниот план

Sase Ivanovski

Одбрана или демонстрација на сила? Русија гради воен комплекс кај границата со Финска

Sase Ivanovski

Трамп: Можеби ќе го нападнам Иран, можеби не

Sase Ivanovski

Нуклеарниот часовник повторно отчукува: Светот се приближува до атомска нестабилност

Sase Ivanovski

Стејт департментот го осуди откажувањето на Европската рабинска конференција во Сараево

Sase Ivanovski

Милановиќ: Израел во моментов е предводен од криминална елита, која сака да го вовлече светот во војна

Sase Ivanovski

Мотоциклист од Кавадарци е во болница со тешки повреди, се судрил со автомобил

Sase Ivanovski

Додик во Санкт Петербург: Руската подршка за Република Српска останува стабилна

Sase Ivanovski

Иран е речиси целосно без интернет

Sase Ivanovski

Десет пациенти од пожарот во Кочани примија ПРП терапија без да патуваат до Скопје

Sase Ivanovski

Расчистен вчерашниот инцидент во Чаир, поднесена кривична пријава против едно лице

Sase Ivanovski

Уште еден американски носач на авиони ќе пристигне во Средоземно Море

Sase Ivanovski

Израелски напад близу седиштето на Националната полиција во Техеран

Sase Ivanovski

Нетанјаху му се заблагодари на Трамп за „поддршката“ во војната против Иран

Sase Ivanovski

Судирот меѓу Израел и Иран води кон астрономски скок на цената на нафтата – драма на светските пазари

Sase Ivanovski

Иран ги повика жителите на Хаифа да се евакуираат

Sase Ivanovski

Левица: Владата на Мицкоски доделила државно земјиште на фирма осомничена за криминал во „Адитив“

Sase Ivanovski

ЦИВИЛ: Слободата на изразување не е подарок од власта, таа е неприкосновено право на секој човек – пресудата против Дерала е директен атак на медиумските слободи

Sase Ivanovski

Двајца војници повредени при гаснење пожар во тетовската касарна

Sase Ivanovski

38 РАКОПИСИ ПРИЈАВЕНИ ЗА НАГРАДАТА „ОЛИВЕРА НИКОЛОВА“ Победникот ќе добие 60.000 денари, романот ќе се објави во посебна едицијана романот

Sase Ivanovski

Тинејџери од Скопје запалиле кабел, па предизвикале пожар

Sase Ivanovski

Бошњачкиот сојуз поднесе иницијатива за додавање на геноцидот во Сребреница во Кривичниот законик

Sase Ivanovski

Георгиевски по повод 35-ти роденден на ВМРО ДПМНЕ: Нема простор за честитки. Партијата денес стана симбол на Македонија приврзок на србскиот свет

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Пуштен во сообраќај регионалниот пат Бељаковце – Клечовце

Sase Ivanovski

Димитриеска-Кочоска: Обезбедивме допонителни 600 милиони денари за  инвестиции за локален развој и реализација на општинските проекти

Sase Ivanovski

Директорот на БЈБ Јанев денеска одржа серија работни состаноци во СВР Велес  како дел од стратегија за подигнување на нивото на безбедност во сите сегменти

Sase Ivanovski

Од ЕСМ за хаваријата во РЕК Битола го обвинија СДСМ: Нема ден да не се соочуваме со предизвици како резултат на недомаќинското и нестручното управување со производствените,капацитети во изминатите години

Sase Ivanovski

Данска нѐ моли да го зграпчиме моментумот на проширувањето на ЕУ

Sase Ivanovski

Државата ќе треба да им исплати 85.000 евра на адвокатите на Мијалков и на бранителите на другите обвинети за масовното прислушување во УБК

Sase Ivanovski

Иранскиот лидер се заканува со сериозни последици во случај на напад од САД: Нема да се предадеме на никого

Sase Ivanovski

ВИДЕО | Индонезија: Многу летови до Бали откажани поради ерупција на вулкан

Sase Ivanovski

 Муртезани: „Проширувањето мора да се води според Копенхашките критериуми“

Sase Ivanovski

Фронт 21/42: Институциите не постапуваат по претставката поднесена во врска со незаконската изградба на хотелот во Горица

Sase Ivanovski

Во центарот на Кочани ќе се гради спомен-обележје во чест на починатите во пожарот во „Пулс“

Sase Ivanovski

„Шарли Ебдо“: Кој прв ќе го открие датумот на смртта на Хамнеи ќе го посети Техеран

Sase Ivanovski

Власта нема Бадентерово мнозинство, измените на изборниот законик на почек

Sase Ivanovski

Срамно е независните да бидат исклучени од изборите, експертски реакции по опасноста да заглават измените на Изборниот законик

Sase Ivanovski

Калас: Русија „нема шанси“ ако земјите од НАТО останат обединети

Sase Ivanovski

Среде бел ден ограбена 79-годишна жена во скопски Центар

Sase Ivanovski

Лишени од слобода возачи во Штип и Берово, управувале возило и мопед под дејство на алкохол

Sase Ivanovski

ФОТO | Се појави нова мини-депонија, сега зад плоштадот „Македонија“

Sase Ivanovski

УКРАЛ СТРУЈА ЗА 4.000 ЕВРА Маж од Велешта се приклучил на црно и заработи кривична

Sase Ivanovski

Тошковски од Салцбуршкиот форум: Само заедничка соработка ќе ја направи Европа побезбедна, посилна и пообединета

Sase Ivanovski

ХЕЦ ЧЕБРЕН ДА СЕ ГРАДИ СО ПАРИ ОД БРИТАНСКИОТ КРЕДИТ Експерти од МАНУ оценуваат дека јавниот долг нема порасне, ако парите се повлекуваат во вистинско време

Sase Ivanovski

СЛАВНАТА ПЕЈАЧКА СЕ ПОВЛЕКУВА ОД СЦЕНАТА „Одам да го победам ракот“

Sase Ivanovski

ЌЕ СЕ ЗНАЕ ШТО НУДИ СЕКОЈА БОЛНИЦА, ПА И КОЛКУ ХИГИЕНИЧАРКИ ИМА Алиу најави нов информативен портал за здравствените услуги

Sase Ivanovski

КОЧАНИ ЌЕ ДОБИЕ НОВ ЦЕНТАР ЗА МЛАДИ Простор за дружење, гимнастика и за креативни активности

Sase Ivanovski

Данската министерка за европски прашања, Бјер во Скопје: Данска ќе биде фокусирана на проширувањето на ЕУ, моментот е тука и искористете го

Sase Ivanovski

ПРИЗНАНИЕ ЗА 45 ГОДИНИ НА СЦЕНА Рисима Рисимкин ја доби наградата „Ѓорѓи Македонски“

Sase Ivanovski

„ЕУ НЕ Е САМО ПОЛИТИКА, ТУКУ КОНКРЕТНА ПОМОШ“ Перински откри како ќе се подобри секојдневието

Sase Ivanovski

„МУ ГО УБИЈА ДЕТЕТО, СЕГА САКААТ ДА МУ ГО ОДЗЕМАТ И ДОСТОИНСТВОТО“ Туфегџиќ побара судот да го ослободи таткото на Вања  

Sase Ivanovski

ВОЈНИК УБИВА ПА ОДИ НА РАБОТА КАЈ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ Хрватска во шок по двојното убиство во Загреб

Sase Ivanovski

ТРИ ДУПКИ НА МАПАТА ПОКАЖУВААТ КАДЕ ИМА ВОЈНИ ВО СВЕТОТ Авионите кружат околу Украина, Израел, Иран, Пакистан…

Sase Ivanovski

БРОЈОТ НА ЗАГИНАТИ ВО КИЕВ СЕ ИСКАЧИ НА 21 ЛИЦЕ Во теророт кој траеше 9 часа употребени се 440 дронови и 32 ракети

Sase Ivanovski

ХАМНЕИ ГИ НАРЕЧЕ ИЗЈАВИТЕ НА ТРАМП СМЕШНИ И ЗАКАНУВАЧКИ „Ако САД се вмешаат, штетата ќе биде непоправлива“

Sase Ivanovski

„ИЗРАЕЛ Е ХРАБАР, ЈА ВРШИ ВАЛКАНАТА РАБОТА“ Мерц коментираше, стигна одговор од Захарова

Sase Ivanovski

МЗШВ: Исплатени над 340 милиони денари субвенции за обележани грла говеда

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Натпревар во што поидиотски ставови, СДС повторно шампион – Навредите за „врховизам“, „изолација“ и „антиевропски вредности“ се обид да се покрие реалноста: нивното време помина, народот ги порази, а денес државата конечно има стабилна и одговорна власт

Sase Ivanovski

Само Америка има бомба доволно голема за да го уништи Фордо

Sase Ivanovski

Манасиевски: Истрагата за Кочани се спроведува неселективно и во целост, а Филипче и Шарените знаат само да злоупотребуваат трагедии

Sase Ivanovski

СДСМ: Распад на енергетскиот систем – Управа со измислени саботажи за РЕК ја покрива сопствената неспособност!

Sase Ivanovski

Началникот на Генералштабот на Армијата на конференција за копнено војување во Лондон

Sase Ivanovski

Герасимовски: За музичките сладокусци на 28 јуни Центарска симфонија под отворено небо со Александар Тарабунов, камерен оркестар и бенд

Sase Ivanovski

Туфегчиќ: Обвинението против Александар Ѓорчевски е паушално и без докази

Sase Ivanovski

Одбраната: Кешишев бил жртва на Палевски, не сторител

Sase Ivanovski

Манев: Палевски прво ја сликаше Вања па ја уби

Sase Ivanovski

Мерсел Биљали: Светот е во своевиден вакуум – ниту е во мир ниту е во војна или истовремено е во обете состојби

Sase Ivanovski
Вчитувам....