34.8 C
Скопје
19/06/2025 12:53
МАКТЕЛ

   

Гардијан со детали: САД и Кина договорија намалување на царините за 115 отсто за период од 90 дена

      

САД и Кина се договорија меѓусебно да ги намалат царинските стапки за 115 отсто на увезените производи за период од 90 дена, изјави денеска во Женева американскиот министер за финансии Скот Бесент, пренесува „Гардијан“. Бесент на денешниот брифинг со новинарите истакна дека двете страни покажале „голема почит“ за време на преговорите и дека имаат заеднички интерес за урамнотежена трговија. На брифингот учествуваше и трговскиот претставник на САД Џејмисон Грир. Договорот следува по викенд-преговорите меѓу претставници на двете земји, означувајќи значајна деескалација на трговската војна што започна минатиот месец. САД претходно ги зголемија царините за Кина на 145 отсто, додека Пекинг возврати со царини од 125 отсто за американските производи.

Прашан за деталите за новите царини меѓу САД и Кина, Грир објасни денеска дека договорот се заснова на реципрочната царина што САД ја воведоа на 2 април, како и на ескалаторските чекори што ги презедоа двете страни потоа. Тој вели дека кинеската и американската страна завршиле со царини од 125 отсто на меѓусебниот увоз. „Сето тоа сега е намалено за 115 отсто, на 10 проценти за секоја страна“, вели Грир.
Дополнително, САД воведоа царина од 20 отсто поврзана со фентанилот, истакнува Грир (што е причината што вкупната царинска стапка на САД беше145%). Оваа давачка, воведена од Доналд Трамп за да ја поттикне Кина да го намали протокот на фентанил во САД, се третира одвоено.
Така, реципрочната царина на САД за увоз од Кина се намалува на 30 отсто, согласно договорот постигнат во текот на викендот, додека давачката на Кина се намалува на 10 отсто. Сепак, постојат и „секторски специфични“ царини што САД ги наплатуваат за увоз на, на пример, челик и автомобили.

   

Скот Бесент открива дека „пријатното изненадување за мене од овој викенд“ беше степенот на ангажманот на Кина во врска со кризата со фентанилот во САД. Грир вели дека САД поминале децении во Светската трговска организација (СТО), водејќи мултилатерални и билатерални преговори, обидувајќи се да ги натераат другите земји да ги намалат своите царини и нецаринските бариери и да се согласат на пореципрочна трговија со САД. Ветувањето на СТО и мултилатералниот систем беше дека царините на сите ќе се намалат, рече Грир пред новинарите во Женева.

– Испадна дека САД значително ги намалија своите царини. Имаше и други економии со ниски царини, но тие задржаа многу високи нецарински бариери. Ние напорно се трудевме да работиме во рамките на системот. А крајниот резултат е дефицит од 1,2 трилиони долари во трговијата со стоки, крајниот резултат е дека производството се пресели во Кина, Источна Азија, Мексико, вели тој. Скот Бесент уште рече дека за време на разговорите имало консензус меѓу делегациите на САД и Кина дека „ниту една страна не сака целосно раздвојување“. Бесент додава дека САД сакаат поурамнотежена трговија и смета дека двете страни се посветени на постигнување на тоа. Белата куќа синоќа соопшти дека администрацијата на претседателот Доналд Трамп постигнала трговски договор со Кина за време на вчерашните разговори во Женева, опишувајќи ги како „продуктивни“. Во американската делегација беше и трговскиот претставник Џејмисон Грир, додека кинеската делегација ја предводеше заменик-премиерот Хе Лифенг. Бесент вчера изјави дека е постигнат значителен напредак во преговорите, кои имаа за цел да го намалат трговскиот конфликт што може да предизвика сериозна штета на глобалната економија. Претседателот Трамп, исто така, изјави дека се постигнува „голем напредак“ во разговорите за царините меѓу двете земји. Вицепремиерот Хе синоќа изјави дека преговорите биле „од големо значење за двете земји, но исто така имаат важен ефект врз стабилноста и развојот на глобалната економија“. Тој истакна дека двете страни постигнале низа важни консензуси и се согласиле да воспостават механизам за економски и трговски консултации.

   

Најново

(ВИДЕО) Фудбалерите на Јувентус во Белата куќа, Трамп ги праша: Дали може жена да игра во вашиот тим?

Sase Ivanovski

Одморите започнаа, што треба да проверите на автомобилот пред патувањето

Sase Ivanovski

Скопјанец возел со 121 километар на час на место каде било дозволено 50

Sase Ivanovski

Јужното овошје од Костарика седум пати поевтино од домашното: Ако не можеме да пробаме цреши, ќе јадеме ананас!

Sase Ivanovski

Контролорите на летање најавуваат штрајк на 10 јули, ако продолжи вработувањето на партиски кадри за советници

Sase Ivanovski

Вториот блок на РЕК Битола сè уште е исклучен, сомнежите за саботажа се истражуваат

Sase Ivanovski

Сообраќајка на патниот правец Бошков мост – Дебар

Sase Ivanovski

ЕК ја казнува Шпанија! Причината е имотот на странците во земјата

Sase Ivanovski

Кои земји ќе доминираат со светската економија во 2039 година

Sase Ivanovski

Конститутивната седница на Собранието во Приштина беше прекината по 34-ти пат

Sase Ivanovski

Силни експлозии во областите на Ерусалим и Тел Авив

Sase Ivanovski

Со завршен збор на одбраната, продолжува судењето против Мерко за поставувањето директори на четири училишта

Sase Ivanovski

Арагчи: Иран останува посветен на дипломатијата, но ќе продолжи да дејствува во самоодбрана

Sase Ivanovski

Герасимовски: Рана детекција на сколиоза со стручни тимови во новата учебна година

Sase Ivanovski

Угостителите од Трговскиот центар реагираат на кривичната од градоначалникот Крстевски: Oд 700 објекти со решение за отстранување зошто први ние?!

Sase Ivanovski

Денот во 60 секунди – Македонија и Данска ја засилуваат билатералната соработка, Владата продолжува да го подобрува животниот стандард и економскиот развој во Македонија

Sase Ivanovski

АЈДЕ ТРИПУНОВСКИ РЕАГИРАЈ, ОЈДОА 30 МИЛИОНА ЕВРА У БЕСТРАГА: Поради дефект на водоводна цевка се суши тутунот во Прилепското поле – надлежните немаат решение за проблемот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) САД: Новинар кој известуваше за протестот против Трамп се соочува со депортација

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Тексас: Ракетата „Спејс Икс“ експлодираше за време на тест

Sase Ivanovski

Кина ги евакуира своите граѓани од Израел, а Индонезија од Иран

Sase Ivanovski

Македонски државјанин ќе биде екстрадиран од Грција во Германија, бил баран со потерница за грабеж и убиство

Sase Ivanovski

Орбан: Брисел легна во кревет со Украина, бирократите сакаат да ја продолжат војната

Sase Ivanovski

По седум години повторно се отвора комплексот „Македонско село“

Sase Ivanovski

Путин: Немаше да има руско-украински конфликт доколку Трамп победеше на изборите во 2020 година

Sase Ivanovski

Без струја делови од Центар, Газа Баба, Сарај и Сопиште

Sase Ivanovski

САД се подготвуваат за војна со Иран и преместуваат дел од воените авиони и бродови од базите на Блискиот Исток

Sase Ivanovski

Трамп го одобри планот за напад врз Иран, но не издаде „конечна наредба“

Sase Ivanovski

Еве како да ја препознаете најслатката лубеница: Најсигурни методи за избор на зрела и сочна

Sase Ivanovski

Избегнувајте го: Ова е најлошиот утрински пијалак за кожа склона на акни!

Sase Ivanovski

На денешен ден – 19 јуни: Роден е Илија Милчин, македонски актер, режисер, јазичар и преведувач

Sase Ivanovski

Сончево и топло, попладне нестабилно со грмежи и дожд

Sase Ivanovski

ЗА ПОВЕЌЕТО ОВА Е НЕВОЗМОЖНА МИСИЈА: Само една земја во светот произведува доволно храна за своите потреби

Sase Ivanovski

КЕЛНЕРИ, ПИЦА МАЈСТОРИ, ЧИСТАЧКИ: Колкави плати им нудат Хрватите?

Sase Ivanovski

ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ: Надзорна расправа во Собранието сепак ќе има

Sase Ivanovski

СЕ НАМАЛУВА БРОЈОТ НА ОНИЕ КОИ ОДАТ НА ОДМОР ВО ГРЦИЈА СО ХРАНА КУПЕНА ВО МАКЕДОНИЈА: Зошто навиките се сменија?

Sase Ivanovski

Поголема минимална плата или помал број на приматели на минимална плата?

Sase Ivanovski

ИРАН НЕ СЕ ШЕГУВА Испукана е ултратешка балистичка ракета „Саџил“

Sase Ivanovski

СИЛНО НЕВРЕМЕ ЈА ЗАФАТИ ЦРНА ГОРА Поплавени се улиците во Котор, ветришта беснеат во Сутоморе

Sase Ivanovski

Филипче: Пад на поддршката за ВМРО-ДПМНЕ

Sase Ivanovski

ЦУК: Поројните дождови без сериозни штети, поплавени неколку објекти во Арачиново

Sase Ivanovski

Максо ќе трча за трет мандат градоначалник на Куманово ВМРО ДПМНЕ ќе му биде ветер во грб

Sase Ivanovski

Конфликтот Израел-Иран може да има импликации за македонската економија, вели академик Таки Фити

Sase Ivanovski

Чешката опозиција не успеа да изгласа недоверба на владата на Петр Фијала

Sase Ivanovski

Украина дозволи двојно државјанство за справување со демографската криза

Sase Ivanovski

Работник од Македонија е тешко повреден на австриско градилиште, го згмечила машина тешка 15 тони

Sase Ivanovski

Богатите Израелци бегаат со јахти за 600 евра од човек, редот накај Кипар е голем

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Боно блескаше на голот, Реал Мадрид не го победи Ал Хилал

Sase Ivanovski

Овие 10 намирници се најдобри и најздрави за појадок: Одлични се за зголемување на енергијата и за сити до ручек

Sase Ivanovski

Филипче: Наместо економски бум, Македонија тресна на дното во Европа

Sase Ivanovski

Ристески од Штип – Објавен оглас за обука на работно место кај конкретен работодавач

Sase Ivanovski

Крива Паланка беше домаќин на вискока делегација од Република Словенија

Sase Ivanovski

Руските саботажи во Европа во пораст

Sase Ivanovski

МАКЕДОНИЈА НЕЛЕГАЛНА Во цела држава биле пријавени над 473 илјади нелегално изградени објекти, а 201.495 сѐ уште имаат статус на дивоградба!

Sase Ivanovski

Филипче пред градската организација на СДСМ за Скопје: Скопје е затрупано со ѓубре, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ го држат градот во заложништво

Sase Ivanovski

Ограбил куќа во Скопје, украл накит и техника вредни 296.000 денари – обвинителството бара притвор

Sase Ivanovski

За првпат, Иран лансираше ултратешка ракета „Саџил“ со среден дострел кон Израел

Sase Ivanovski

МОЖНИ СЕ ПОПЛАВИ ВО АРАЧИНОВО, СТАЈКОВЦИ И НА СКОПСКА ЦРНА ГОРА Повик до граѓаните да не излегуваат од дома

Sase Ivanovski

Град Скопје објави јавен повик за субвенции за велосипед!

Sase Ivanovski

Можни се поплави од Скопска Црна Гора вечерва, ЦУК има важно предупредување

Sase Ivanovski

Министерот Дурмиши: Над 4.500 граѓани веќе аплицирале, голем интерес од невработените за мерките од Оперативниот план

Sase Ivanovski

Одбрана или демонстрација на сила? Русија гради воен комплекс кај границата со Финска

Sase Ivanovski

Трамп: Можеби ќе го нападнам Иран, можеби не

Sase Ivanovski

Нуклеарниот часовник повторно отчукува: Светот се приближува до атомска нестабилност

Sase Ivanovski

Стејт департментот го осуди откажувањето на Европската рабинска конференција во Сараево

Sase Ivanovski

Милановиќ: Израел во моментов е предводен од криминална елита, која сака да го вовлече светот во војна

Sase Ivanovski

Мотоциклист од Кавадарци е во болница со тешки повреди, се судрил со автомобил

Sase Ivanovski

Додик во Санкт Петербург: Руската подршка за Република Српска останува стабилна

Sase Ivanovski

Иран е речиси целосно без интернет

Sase Ivanovski

Десет пациенти од пожарот во Кочани примија ПРП терапија без да патуваат до Скопје

Sase Ivanovski

Расчистен вчерашниот инцидент во Чаир, поднесена кривична пријава против едно лице

Sase Ivanovski

Уште еден американски носач на авиони ќе пристигне во Средоземно Море

Sase Ivanovski

Израелски напад близу седиштето на Националната полиција во Техеран

Sase Ivanovski

Нетанјаху му се заблагодари на Трамп за „поддршката“ во војната против Иран

Sase Ivanovski

Судирот меѓу Израел и Иран води кон астрономски скок на цената на нафтата – драма на светските пазари

Sase Ivanovski

Иран ги повика жителите на Хаифа да се евакуираат

Sase Ivanovski

Левица: Владата на Мицкоски доделила државно земјиште на фирма осомничена за криминал во „Адитив“

Sase Ivanovski

ЦИВИЛ: Слободата на изразување не е подарок од власта, таа е неприкосновено право на секој човек – пресудата против Дерала е директен атак на медиумските слободи

Sase Ivanovski

Двајца војници повредени при гаснење пожар во тетовската касарна

Sase Ivanovski

38 РАКОПИСИ ПРИЈАВЕНИ ЗА НАГРАДАТА „ОЛИВЕРА НИКОЛОВА“ Победникот ќе добие 60.000 денари, романот ќе се објави во посебна едицијана романот

Sase Ivanovski

Тинејџери од Скопје запалиле кабел, па предизвикале пожар

Sase Ivanovski
Вчитувам....