Изборите во Косово сведочат за зрелоста на народот на Косово, а изборниот процес ја покажува сериозната заложба на институциите за транспарентност и демократија. Искрени честитки до мојот пријател, Албин Курти, за достоинствената победа на Движењето Самоопределување на парламентарните избори во Косово! Овој резултат ја претставува довербата на граѓаните во однос на неговата визија за развојот и безбедноста на Косово, како и нивната благодарност за неговиот успешен мандат на чело на владата.
Исто така, честитки за граѓаните на Косово! Се надевам дека нивниот глас ќе придонесе за унапредување на социјалната заштита, како и за европската иднина на државата. Северна Македонија останува посветена на продлабочување на соработката, а нашите пријателски односи остануваат непоколебливи.
Африм Гаши.