Во врска со денешните неточни толкувања за работата на Собранието, повторно нагласуваме дека сите процедури се строго спроведени во целосна согласност со Деловникот на Собранието.
Г-ѓа Имерлије Салиу Фетаи не е претседателка на Комисијата за социјална политика, демографија и млади. Таа претседаваше за одредена точка од дневниот ред на Комисијата, со овластување од Претседателот на Собранието, во целосна согласност со член 126, став 3 од Деловникот на Собранието. Нејзината улога на оваа седница беше чисто процедурална и ограничена само на оваа конкретна точка од дневниот ред.