Во времето на овие драматични случувања на Косово, кои не оставија
рамнодушен ниту еден релевантен светски центар, а да не зборуваме за
нашиот регион, би сакал да ја известам јавноста и за иницијативата што
ја презедов во својство на претседател на Групата за пријателство Косово
– Северна Македонија на Собранието на Република Северна Македонија.
Сакајќи да придонесам макар и малку за дипломатското зајакнување на
државноста на Косово, ги замолив сите пратеници на Собранието на
Република Северна Македонија да ја поддржат иницијативата на
претседателот на Комисијата за надворешни работи на Долниот дом на
Парламентот на Обединетото Кралство, кој презеде иницијатива да го
поддржи интересот на косовската страна за нејзина државотворност. Во
писмото, меѓу другото, се нагласува дека има „недостиг на притисок врз
Србија“ и „неуспех за понесување одговорност“ за нападите врз мировните
сили на КФОР, а е адресирано до емисарот на ЕУ, САД и Обединетото
Кралство, додека го потпишаа високите претставници на политиката и
дипломатијата во светот.
Како резултат на оваа заложба, ова писмо го потпишаа следниве пратеници:
1. Африм Гаши – АлтернАтивА
2. Сафије Садики Шаини – АлтернАтивА
3. Хусни Исмаили – АлтернАтивА
4. Изет Меџити – Демократско движење
5. Мерита Коџаџику – Демократско движење
6. Кастриот Реџепи – Демократско движење
7. Скендер Реџепи – Народно движење
8. Бејџан Иљас – ДПТ (Демократска партија на Турците)
9. Фадил Зендели – Движење БЕСА
10. Мендух Тачи – ДПА (Демократска партија на Албанците)
11. Мухамед Кадриов – СДСМ (Социјалдемократски сојуз на Македонија)
Покрај официјалниот повик, ја користам и можноста за јавен повик до
останатите пратеници, без разлика на политичката провиниенција и
етничката припадност, да ја потпишат оваа иницијатива, пред сè
добронамерна, која меѓу другото е во функција на мирот и стабилноста во
регионот.