Екс началникот на Здружениот Генералштаб на американската армија, генерал Марк Мили, разговараше со украинските специјални сили за време на воените вежби во Визбаден 2022 година.Тој им порача дека на Русите треба да им го „пресечат гркланот“, објави „Вашингтон пост“.
„Секој Русин, кога оди да спие, треба да се запраша дали ќе му го пресечат гркланот во текот на ноќта“, зборовите на Мили ги цитира службеник кој присуствувал на разговорот.Американскиот генерал сакал да ги мотивира украинските војници да дејствуваат на териториите под руска контрола. На специјалците им нагласил дека мора да се вратат на фронтот.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ќе се обрати директно до американските сенатори за поддршка предгласањето за финансиска помош за војната со Русија.
Професорот од Институтот за меѓународни односи во Киев, Максим Камењецки, гостуваше на хрватската телевизија Н1, каде ја коментираше ситуацијата со војната во Украина. Камењецки вели дека ова е многу драматичен период за Украина.