ГЕНСЕКОТ НА СДСМ, МИЛЕ ЗЕЧЕВИЌ ВАРДАРСКИ ВО СТРУМИЦА: СДСМ секогаш ја движи Македонија во вистинска насока и по вистинскиот, европскиот пат
СДСМ секогаш ја движи Македонија во вистинска насока и по вистинскиот, европскиот пат. Државничките дела говорат погласно од зборовите. Сега претстои важен период од којшто зависи европската иднината на земјата, на сите наши граѓани, потребен е нов чекор кој повикува на силен, заднички ангажман за уште еден државнички успех.
СДСМ продолжува со нови оперативни активности на терен, со граѓаните, членовите, симпатизерите. Секој член, симпатизер и поддржувач да се вклучи во нова победа на СДСМ на изборите во 2024 година. Победа која ќе значи европска држава и подобар животен стандард, рамо до рамо со најсилните држави во светот.
Редовна регионална средба на генералниот секретар Миле Зечевиќ Вардарски и организацискиот секретар Митко Трајчулевски вечерва во Струмица со општинските организации на СДСМ од Југо-источниот регион.