Министерот за надворешни работи рече дека во Скопје ја пренел „пораката за мир, солидарност и пријателство до сите земји од Југоисточна Европа“, потсети дека Грција беше една од земјите „кои го забрзаа формирањето на Меѓубалканската конференција“, но и земја силен поддржувач на ЕУ перспективата на Западен Балкан преку Солунската агенда од 2003 година.
-Важно е да се гарантира европскиот тек на сите земји од Балканот и поширокиот регион во период на многу високи предизвици, со две војни во нашето пошироко соседство. Секако, и тоа е она што го нагласив на Конференцијата, напредокот треба да се развива врз основа на конкретни предуслови, кои се формални и се однесуваат на почитување на демократијата, почитување на владеењето на правото, верно почитување на сите меѓународни договори и доследна усогласеност со сето она што е поврзано со Европската унија, меѓународното право, како и секако почитувањето на правата на малцинствата, рече шефот на грчката дипломатија во изјавата за ЕРТ.