Ги мотивираме и едуцираме најмладите како да го заштитат своето здравје и животната средина преку правилно собирање и селектирање на електронскиот отпад. Под мотото „Пренеси ја пораката, одиме во лов на електронски отпад “ од 1-14 октомври во сите општински училишта се поставени контејнери за ситен електронски отпад и отпадни батерии, а се организираат и едукативни работилници за управување со е-отпадот.
Денеска во ООУ „ Киро Глигоров“ се приклучивме токму на една таква работилница наменета за второоделенците, на која на забавен и интересен начин децата се едуцираа како да се постапува за електронскиот отпад. Новитет во општината е и телефонската еко линија за сите жители во Центар кои можат да се јават на бројот 070 236 000 и нивниот електронски отпад да им биде преземен од дома. Оваа заедничката акција со Нула Отпад се спроведува во пресрет на 14 Октомври,меѓународниот ден на електронскиот отпад. – Горан Герасимовски – Градоначалник на општина Центар.