Околу 1.000 луѓе демонстрираа денеска пред Бранденбуршката порта во Берлин против планираната измена на основниот закон за повторно вооружување на Бундесверот. Пратеничката од Бундестагот од Левицата Гесине Лех ги обвини германските Зелени за „самоизмама“, пишува Дојче веле.
Тие се пофалија дека во разговорите со ЦДУ и СПД преговарале 100 милијарди евра за заштита на климата. Дури и во мирно време производството на оружје е неверојатна експлоатација на природата“, рече Лех, оценувајќи дека тезата дека дополнителното вооружување штити од војна преку одвраќање е „опасна пропаганда“. Таа најави дека во вторник 28 пратеници од Левицата ќе гласаат против „бланко чек“ за дополнително производство на оружје. Можете да сметате на тоа“, изјави Гезине Лех, пренесува Танјуг.