Германија во 2024 година забележала трговски суфицит од 241,2 милијарди евра, покажуваат податоците на државната статистика. Вредноста на извозот на земјата лани изнесувала 1,55 билиони (илјада милијарди) евра, а увозот достигнал 1,31 билиони. Извозот е намален за 1,3 отсто, а увозот за три отсто во однос на 2023 година, пренесува На годишна основа, германскиот извоз пораснал за 3,4 отсто во декември на 131,7 милијарди евра, додека неговиот увоз исто така пораснал за 4,5 отсто на 111,1 милијарди евра. На месечно ниво, извозот во декември е зголемен за 2,9 отсто, а увозот за 2,1 отсто во однос на ноември.
Извозот на Германија во земјите-членки на ЕУ во декември изнесува 72,4 милијарди евра, додека нејзиниот увоз од овие земји во истиот период изнесува 57 милијарди евра. Извозот на земјата во земјите надвор од ЕУ изнесува 59,3 милијарди евра во декември 2024 година, додека увозот од овие земји изнесува 54,1 милијарди евра. Најголем дел од германскиот извоз во декември отишол во САД – таму се извезени стоки во вкупна вредност од 13,5 милијарди евра. Во меѓувреме, извозот во Кина пораснал за 1,4 отсто на 6,7 милијарди евра, додека извозот во Обединетото Кралство е намален за три отсто на три милијарди евра. Германскиот увоз во декември доаѓа главно од Кина, во вкупна вредност од 13,4 милијарди евра.