Инспекторатот за компјутерски криминал од Баварија спроведе успешна операција против меѓународна група хакери, пренесе ДПА. Дванаесет осомничени се членови на групата „Радар/ Диспосесор (Dispossessor)“ од август минатата година. Серверите што ги користела групата повеќе не се онлајн, соопштија Баварскиот центар за сајбер криминал и баварската криминалистичка полиција.
Се нагласува дека групата првенствено уценувала мали и средни претпријатија и институции со барање откуп. Тие ги користеле слабите точки за да добијат пристап до ИТ-системите, да ги дешифрираат датотеките и потоа да бараат пари. Главниот фокус бил насочен во САД. Во текот на истрагата, полицијата открила уште 43 жртви во Германија, Аргентина, Австралија, Белгија и Бразил. За да го зголемат притисокот, сторителите наводно на своите жртви им праќале видеа со украдени податоци. Освен што директно им се обратиле, им покажале и веб-страница за објавување на податоците – каде ќе отидат податоците доколку не го платат откупот.Осомничените хакирале од Украина, Русија, Кенија, Србија, Литванија и Обединетите Арапски Емирати.Против осомничениот обвинет за конкретни кривични дела во Германија е распишана меѓународна потерница. Останатите се обработуваат во други земји. Во меѓународно координирана операција со американското ФБИ, наводно биле запленети 17 сервери во Германија, три во Велика Британија и пет во САД. Дополнително, беа оневозможени уште осум сервери. На тој начин средствата што ги користела групата беа отстранети од мрежата, наведува ДПА.