Една недела по ненадејниот напад на Украина на руска територија, не би било „мудро“ да се даваат официјални изјави за воената операција бидејќи ситуацијата сè уште е прилично нејасна, изјави претставникот на германската влада, Волфганг Бихнер, пишува „ДПА“.
Германската влада не била однапред информирана за деталите од упадот на украинската армија на руска територија, изјави владиниот портпарол во Берлин. Киев очигледно подготвил прекугранична офанзива на руската област Курск „во голема тајност и без повратни информации“, рече Волфганг Бухнер. Тој додаде дека Берлин и Киев се постојано во контакт.
Германското Министерство за одбрана објасни дека нема фундаментални забелешки за Украина за употребата на германско оружје во Русија.
Меѓународното право вели дека земја која се брани може да го направи тоа и на територијата на напаѓачите, изјави портпаролот на Министерството за одбрана.
Украина, рече тој, досега го почитува меѓународното право.