3.8 C
Скопје
08/12/2023 23:47
МАКТЕЛ

      

Гир: Зајакнувањето на владеењето на правото е од суштествена важност земјата да напредува на патот кон ЕУ

      

Ова го истакна амбасадорот на Европската Унија во земјава Дејвид Гир по повод официјалното отпочнување на проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“, чија цел е зајакнување на владеењето на правото во Република Северна Македонија.

   

Тој посочи дека станува збор за важен проект, кој покрива четири клучни области – правосудството, полицијата, почитувањето на човековите права и борбата против корупцијата. Тој при тоа изрази задоволство што во проектот е вклучена соработката со Институтот за основни човекови права Лудвиг Болцман од Австрија, Министерството за правда и администрација на Хрватска, Министерството за внатрешни работи на Република Словенија, и Центарот за меѓународна правна соработка.

 

-Успешноста на овој проект нема да зависи од посветеноста на партнерите, иако таа е важна, нема да зависи од квалитетот на експертизата или дадените совети иако и тие се важни, туку ќе зависи од посветеноста на сите вклучени институции и на надлежните власти со решителни чекори да напредуваат во владеењето на правото. Тоа е важно не само за проектот туку, пред се, и над се , тоа е важно за граѓаните. Но исто така од суштествена важност е земјата да напредува на својата патека кон членството во ЕУ, на таа патека нема кратенки, нема компромиси, нагласи евроамбасадорот Гир.

   

     

На настанот се обратија министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерот за правда Кренар Лога, министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, како и претставници на Лудвиг Болцман Геселшафт – Институтот за основни човекови права (LBI-GMR) и Центарот за меѓународна правна соработка (CILC).

Според министерот Спасовски, стратешката определба на Владата е интеграцијата на државата во ЕУ, која пак не би можела да се замисли без основното начело – владеење на правото како една од заедничките вредности за сите земји-членки. Потенцирајќи ја важноста на проектот рече дека тој е исклучителна важноста, и го вброи меѓу најважните проекти кои што се спроведуваат во земјава.

-Оттаму, очекувам проектот преку мулти-агенцискиот пристап според кој е конципиран конечно да ги обедини институциите во своето делување, а на тој начин да обезбеди заедничко исполнување на проектните цели- поставување на силни правни основи за транспарентни, одговорни и ефикасни демократски институции, способни ефикасно да се справат со заканите од организираниот криминал, компјутерскиот криминал, корупцијата и сите други актуелни закани, рече Спасовски.

Министерот Спасовски, додаде дека Владата вложува максимални напори со цел да обезбеди непречено владеење на правото како основно право за своите граѓани.

-Земјите од Западен Балкан, вклучително и Република Северна Македонија продолжуваат да се соочуваат со големи предизвици поврзани со борбата против корупцијата и организираниот криминал, прашања кои се од клучно значење за функционална демократија и економија и во голема мера го условуваат процесот на пристапување во ЕУ. Оттаму, одлучната и неселективна борба против организираниот криминал и корупцијата е приоритет на секоја држава. Тоа е и наш стратешки приоритет, при што фокусот на нашите активности е насочен кон превенција, спречување и борба со сите облици на организиран криминал, согласно највисоките стандарди на полициското работење, подвлече Спасовски.

Министерот за правда Лога пак, нагласи дека во овој момент, нашата држава се наоѓа во состојба кога треба да преземе решителни чекори во однос на подигнување на нивото на владеење на правото и зголемување на довербата на граѓаните во правосудниот систем, борба против корупцијата и организираниот криминал и обезбедување поголема заштита на човековите права и слободи.

-Новиот Закон за Академијата за судии и јавни обвинители е донесен и со него се обезбедува нов начин на селекција и полагање на приемниот и завршниот испит пред стучна комисија. Направивме реформа со која од овој закон се очекува да се обезбедат високи критериуми, систем на ревизија, транспарентност и јавност, и создавање услови за избор на судии и обвинители со висок интегритет, рече Лога.

Како држава, додаде тој, сме посветени на процесот на дигитализацијата на правосудниот сектор, кој е круцијална реформа за добивање на поквалитетна и побрза правда за сите граѓани. Во оваа насока, се очекува, како што рече Лога, да се изврши темелна надградба и на системот за управување со предмети во обвинителствата со поддршка од финансирањето на ЕУ ИПА III.

-Целта број 3 на овој Проект: “Подобрување на превенцијата и борбата против корупцијата“, предвидува реализација на повеќе активности, наоѓање решенија за подобрување на системот за конфискација и поврат на имот како и јакнење на меѓуинституционалната соработка со цел за следење на состојбите со корупцијата, креирање и спроведување на политики за унапредување на превенцијата и борбата против корупцијата, нагласи министерот за правда.

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска во своето обраќање на настанот истакна дека проектот ќе придонесе во навремена подготовка на релевантните институции и нивните капацитети во процесот на разгледувањето на постигнувањата во Поглавјето 23 -Правосудство и фундаментални права од европското законодавство.

-Најважниот резултат од проектот кој сум сигурна дека ќе го добиеме е зајакнување на капацитетите на главните тела за човекови права во нашата држава бидејќи обезбедува алатки за основните човекови права кои ќе станат достапни за јавните службеници и кои даваат насоки за применување и воспоставување на пристапот заснован на човекови права на стратешко ниво. Министерството за труд и социјална политика во својот мандат и надлежности обезбедува осигурување на почитувањето на низа човекови права. Тоа е чест, но и голема должност, посочи Тренчевска.

Таа се осврна и на темата за родово базираното насилство која нераскинливо се поврзува со Министерството. Со ратификацијата на Истанбулската конвенција, новиот Закон за превенција и спречување на родово-базирано насилство врз жените и семејното насилство институциите имаат обврска да постапуваат со должно внимание при пријава на насилство, но, вели таа, сепак останува голем дел од актите на насилство кои остануваат непријавени, токму поради недовербата во институциите и професионалците.

-Правата на жените за еднаквост, за економска слобода, за стабилност, за живот без насилство се дел од клучните човекови права. Затоа во периодот кој што следи Министерството за труд и социјална политика во соработка со Народниот правобранител преку овој проект ќе работат на зајакнување на системот на спречувањето на родово насилство и дискриминација, истакна Тренчевска која нагласи дека во рамките на овој проект Министерството ќе биде активен партнер и во делот на зајакнување на системот за заштита на децата.

Проектот, кој е целосно финансиран од ЕУ, е дизајниран да ги поддржи релевантните институции кои работат на полето на правдата, организиран криминал, борба против корупција и промоција и заштитата на основни и човекови права за подобрување на нивните капацитети, ефективност и влијание. Времетраењето на проектот е 36 месеци со предвидено продолжување за дополнителни шест месеци со буџет од 10,25 милиони евра.

    

Најново

Што се крие зад соработката на Палевски и владиката Петар?

Sase Ivanovski

Одлука на Претседателството на ДУИ Талат Џафери да биде технички премиер од 28 јануари

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) БОЦЕВСКИ: ДАЈ СИТЕ МАЛЦЕ ДА СЕ ПРИБЕРЕМЕ, РАБОТАТА ИЗЛЕЗЕ ОД КОНТРОЛА!

Sase Ivanovski

Студентскиот стандард им дозволува на студентите да преживуваат, но не и да живеат – ова е главниот заклучок од истражувањето „За студенцките работи“ кое го реализизираа студентите од Факултетот за правни и политички науки при АУЕ – ФОН

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Меџити го претвори министерството за здравство во туристичка агенција -додека се затвораат цели оддели по болниците и нема лекови тој вработува и унапредува партиски кадри во министерството

Sase Ivanovski

Приведена скопјанка за издржување затворска казна од две години и шест месеци

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) НЕКОЈ СРПСКИ ПОП ЌЕ ИМА БЛИСКА СРЕДБА СО НАТЕМАГО

Sase Ivanovski

Мицкоски: Делото на Свети Климент Охридски треба да ни биде светол пример за да ја издигнеме Македонија во тешки времиња на распад на системот кога царува полусветот на криминалот, корупцијата и подземјето

Sase Ivanovski

ИМА ЛИ ХЕРОЈ НА КОЈ МУ СЕ СКОКА ОД ПРОЗОР БЕЗ ПАДОБРАН И КОЈ ЌЕ МУ СЕ СПРОТИВСТАВИ? Путин најави кандидатура за претседателските избори во 2024 година

Sase Ivanovski

Честитка од претседателот Пендаровски по повод празникот Свети Климент Охридски

Sase Ivanovski

Барањето да се укине техничката влада е најголем комплимент за нас како влада, уште долго време нема да ги видиме ВМРО-ДПМНЕ на власт

Sase Ivanovski

МАРИЧИЌ – КОПМАН ОД БРИСЕЛ: Планот за раст е сигурна водилка до придобивките од евроинтеграцијата на Северна Македонија

Sase Ivanovski

Мицкоски: Да го следиме аманетот на Свети Климент Охридски да се посветиме на добри дела, човекољубието и ревносна работа за својот народ

Sase Ivanovski

МАРИЧИЌ ОД БРИСЕЛ, СОСТАНОК СО WBIF: Планот за раст го гледаме како финансиска, но и политичка инвестиција за побрзо вклучување на Северна Македонија во ЕУ

Sase Ivanovski

Европски Сојуз за промени: Власта да одговори: Дали Љупчо Палевски е вмешан во организацијата на случајот „Монструм“?!

Sase Ivanovski

Претреси во Кочани, пронајдена дрога, приведени тројца дилери

Sase Ivanovski

ПОЛИТИКАТА ДА ГИ ТРГНЕ РАЦЕТЕ ОД СЛУЧАЈОТ СО УБИСТВАТА НА ВАЊА И ПАНЧЕ Треба да се утврди вистинската позадина, порача Русковска

Sase Ivanovski

Ковачевски: По 17 години, ќе се одржат редовни парламентарни избори

Sase Ivanovski

МТСП: „Сложувалка“ ја завршивме со руралните жени, таму каде што имаме најголем успех на економско зајакнување изминатите години

Sase Ivanovski

Ковачевски: СДСМ повика на формирање на Европски фронт

Sase Ivanovski

Приведени девет лица, меѓу кои и странски државјани, кај нив пронајдена дрога

Sase Ivanovski

МАРИЧИЌ ОД ЗАТВОРАЊЕТО НА СКРИНИНГ ПРОЦЕСОТ: Сега е вистинско време за евроинтергација, одложувањето на процесите е губење скапоцено време

Sase Ivanovski

Делегација на СДСМ положи цвеќе пред споменикот на Свети Климент Охридски во Скопје

Sase Ivanovski

Адвокат по службена должност ги брани осомничените за убиството на Вања и Панче

Sase Ivanovski

Маричиќ: Македонците и современиот македонски јазик се впишани во ризницата на светските народи и јазици

Sase Ivanovski

„Одговорноста има име и презиме, судската власт во државата е независна“ вели Ковачевски

Sase Ivanovski

Калајџиев: Поради реториката во јавноста, Палевски може да тврди дека не може да добие фер судење

Sase Ivanovski

„Јас повторно ќе бидам премиер, а во следниот мандат ќе влеземе во ЕУ“ порача Ковачевски

Sase Ivanovski

КОВАЧЕВСКИ: Палевски со претседателите на ДПМНЕ и Левица беше дел од насилните протести со гилотини и молотови коктели

Sase Ivanovski

Димитровски: Ковачевски дрско лаже дека сум се среќавал со Палевски

Sase Ivanovski

ОЈО Прилеп: Закани, демнење и вознемирување кон обвинителка и нејзината ќерка,поведена постапка

Sase Ivanovski

Рабије Мурати и Антонио Митриќески добитници на државната награда „Св. Климент Охридски“

Sase Ivanovski

Приведен разбојник во скопски Аеродром, одземеното пронајдено и ќе биде вратено на сопственикот

Sase Ivanovski

МВР за драмата во ОУ „Лазо Ангеловски“: Ограбил аптека, па го фатиле полицајци

Sase Ivanovski

Уапсен скопјанецот кој пукаше на Бит Пазар и нападна едно лице

Sase Ivanovski

Шолц носеше еврејска капа, запали свеќа за Ханука: „Веднаш ослободете ги сите заложници“

Sase Ivanovski

СДСМ: Со радикални ставови, Палевски беше алатка на ДПМНЕ во црна кампања против СДСМ но и против се што означува демократија во Македонија и за подгревање етнички тензии

Sase Ivanovski

(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Градежната офанзива во Општина Кривогаштани продолжува

Sase Ivanovski

Во организација на Жан Митрев Клиник и Македонското здружение за кардиологија, се одржа првата Школа за напредната срцева слабост

Sase Ivanovski

Ковачевски: По стапките на Свети Климент Охридски, македонскиот јазик стана реалност во Европа и светот, со цврсти определби ја продолжуваме интеграциската визија

Sase Ivanovski

Владина делегација предводена од премиерот Ковачевски, положи цвеќе пред споменикот на Свети Климент Охридски

Sase Ivanovski

Кривична пријава против скопјанец, осомничен за повеќе кривични дела

Sase Ivanovski

СПАСОВСКИ: Во мое лично име и во име на МВР, на сите православни верници упатувам честитки по повод големиот христијански празник – Св. Климент Охридски – Чудотворец, со желби за здравје, мир и хармонија

Sase Ivanovski

Спасовски на Свечена академија по повод чествувањето на црковно-државниот празник Денот на Свети Климент Охридски

Sase Ivanovski

СПАСОВСКИ: Полицијата јасно ги препознава своето место и улога во целиот тој процес на превенција, заштита и гонење на сторителите на насилство врз жени, семејното и родово базирано насилство

Sase Ivanovski

Крадец бегал и се скрил во училиште во Ново Лисиче, учениците биле евакуирани

Sase Ivanovski

Загина синот на израелскиот министер во експлозија на бомба во тунел во Газа

Sase Ivanovski

Ковачевски за двојното убиство: Институциите професионално си ја завршија работата

Sase Ivanovski

Американскиот секретар за одбрана го повика Израел да го спречи насилството на доселениците на Западниот Брег

Sase Ivanovski

Епископ Јаков: Не слушајте и не верувајте на „херои“, „чувари“ на црквата, луѓе со антицрковен менталитет

Sase Ivanovski

254 санкционирани возачи во Скопје, 53 за брзо возење

Sase Ivanovski

МЗШВ: Доделени 87 договори во вредност од 51 милион денари за поддршка на малите семејни винарии

Sase Ivanovski

„Цепај сине“, купи книга и биди хуман: Ѕоф и „Арс Ламина“ во нова хуманитарна акција

Sase Ivanovski

ОН: Речиси е невозможна дистрибуцијата на помош во Газа

Sase Ivanovski

Данска со закон го забрани палењето на Куранот

Sase Ivanovski

ОДНЕЛ ЗАТВОРЕНИК ДО ДОМА, ИМАЛ НЕКОЈА РАБОТА Кривична пријава за полицаец од Струмица

Sase Ivanovski

РУСИЈА И ИРАН ВО НОВ СОЈУЗ Потпишан договор за заеднички отпор против санкциите 

Sase Ivanovski

Австрија бара забрзување на процесот на прием на земјите од Западен Балкан во ЕУ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Шаќири: За да се хранат здраво студентите парите за оброк ќе го добиваат на неделна основа

Sase Ivanovski

Бугарија ја натера Македонија да се откаже од рускиот гас

Sase Ivanovski

ФОТО: На Криволак пристигнаа возилата „страјкери“ на заедничката вежба на македонските и американските војници

Sase Ivanovski

Кој ќе падне на административниот испит, ќе лета од работа!

Sase Ivanovski

Маричиќ-Шинас: Европското семејство дава силна поддршка за следните чекори на Северна Македонија

Sase Ivanovski

Почина Ивана од Крушевац – убиецот Зоран пред 23 дена ја застрела во глава, ја уби сопругата, па се самоуби

Sase Ivanovski

Во Штип „паднаа“ двајца дилери на дрога

Sase Ivanovski

Османи: 2030 како датум за влез во ЕУ може да создаде реформски натпревар кон постигнување на целта за членство

Sase Ivanovski

Агелер: Земјава се соочува со епидемија од корупција, ве уверувам црната листа ќе се проширува

Sase Ivanovski

Јелен смета дека САД ќе бидат одговорни за поразот на Украина доколку помошта не се изгласа во Конгресот

Sase Ivanovski

Британското МНР: Разговорите на пратениците хакирани од Русија

Sase Ivanovski

Во Москва убиен поранешен украински пратеник

Sase Ivanovski

ОН: Околу 400 муслимани Рохинџи кои пловат со два чамци се во опасност

Sase Ivanovski

Иранскиот претседател го обвини Западот дека го поддржува израелскиот геноцид во Газа

Sase Ivanovski

Прегазено малолетно девојче на булевар „Србија“, итно пренесено во болница

Sase Ivanovski

Исчезнатиот велешанец пронајден мртов, излетал со возилото од патот

Sase Ivanovski

Соработниците на поранешниот режим ја клеветат полицијата по странски медиуми

Sase Ivanovski

Хаџи Јанев: Договорот за екстрадиција со Турција навестува брзо испорачување на Палевски

Sase Ivanovski

ЕУ би можела да ги заостри санкциите кон Хамас и да ги воведе за израелските доселеници

Sase Ivanovski

Уапсени тројца разбојници –  ограбиле обложувалница

Sase Ivanovski

ПЛУСИНФО: НЕМА НИ ТРАГА НИ ГЛАС ОД ИНВБЕСТИТОРОТ НА ПОПОВА ШАПКА, ТЕХНО АЛПИН, КОИ ВЕТУВАА 170 МИЛИОНИ ЕВРА

Sase Ivanovski

ЗА КРИТИЧАРИТЕ НЕМА ПЛАТА Папата го казни кардиналот што го критикуваше

Sase Ivanovski
Вчитувам....