21.2 C
Скопје
07/10/2024 16:23
МАКТЕЛ

     

Говор на омраза и поделби на етничка основа во антиалбанска кампања на социјалните мрежи

     

Како повод за поттикнување на оваа кампања на социјалните мрежи е еден пост на Фејсбук од сомнителен затворен профил, во кој што авторот без да наведе дополнителни детали, вели дека на каса во „Кипер“ маркетот во Ѓорче Петров, продавачката одбила да ги кажува цените напроизводите на македонски јазик, односно најпрво сакала да ги каже на „мајчин јазик“ На социјалните мрежи Инстаграм и Твитер во Македонија во тек е кампања на етничка основа која повикува на бојкот на маркетите „Кипер“ и „Кит го“ само поради тоа што нивните сопственици се Албанци.

 

Кампањата изобилува со екстремни пораки на етничка, религиска и национална основа според кои причината за бојкотирање на овие маркети е заради тоа што „вработената во КАМ или Стокомак се вика Светле, или Горде што е далеку помилозвучно од Шпреса или Валона“. Како повод за поттикнување на оваа кампања на социјалните мрежи е еден пост на Фејсбук од сомнителен затворен профил, во кој што авторот без да наведе дополнителни детали, вели дека на каса во „Кипер“ маркетот во Ѓорче Петров, продавачката одбила да ги кажува цените на производите на македонски јазик, односно најпрво сакала да ги каже на „мајчин јазик“.

  

Понатаму во овој контроверзен пост, преку намерна замена на тези, авторот прашува „дали се враќаме во времето на нацистичка Германија, кога на одредени народи им беше ограничено движењето“.Ваквиот пост понатаму се проширува преку т.н. инфлуенсери на социјалните мрежи Инстаграм и Твитер, каде се повикува на бојкот со очигледна намера да се подели населението на етничка основа. Како „дисктриминаторско“ однесување на овие маркети се наведува фактот што тие не продаваат алкохол и производи кои содржат свинско месо, чие конзумирање е спротивно на Исламската религија.

Непродавањето на одредени производи не е дискриминација

Но, од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, за Мета.мк велат дека непродавањето на одредени стоки не може да претставува дискриминација, бидејќи трговците самите одлучуваат кои производи ќе ги понудат на продажба.

„Понудата и продажбата на стоки е во диспозиција на трговците согласно нивните економски интереси, деловни практики и пазарни принципи и согласно прописите кои ја уредуваат трговијата и заштитата на потрошувачите, па оттука непродавањето на одредени стоки не би можело да претставува дискриминација кога трговијата се врши во рамки на овие принципи и прописи“, вели вработен во стручната служба на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација кој сакаше да остане анонимен.

Тој објаснува дека за да стане збор за дискриминација, треба да постои противправно или забрането дејствие со кое определено лице или група на лица се доведува во нееднаква положба со друго лице или група на лица, во поглед  на остварување на нивните права и слободи, заради некоја нивна карактеристика со која истите се идентификуваат. „Отсуството на одредени стоки од понудата кај некои трговци не би можело да биде во корелација со остварување на права и слободи на лица или група на лица“, вели тој.

Парите и економската моќ немаат боја, нација и религија

Економскиот експерт Абил Бауш смета дека оваа кампања е маркетинг трик и кај нас влијае негативно бидејќи го ситни пазарот. „Парите, економската моќ немаат боја, нација и религија“, вели Бауш. Тој додава оти економијата е навикната да работи на слободен пазар и  потсетува дека и претходно имало вакви примери со мобилниот оператор „Aлбафон“ во 2013 година. „Овој оператор имаше кампања „Зборуваме на албански“ и пропадна многу брзо бидејќи даваше услуги само на една примарна група“, вели Бауш. Од друга страна, професорот по маркетинг и меѓународен бизнис на Универзитетот Југоисточна Европа, Јусуф Зеќири, објаснува дека ваквите кампањи често се појавуваат како резултат на неетичка комуникација насочена кон потрошувачкото однесување на друга етничка група, позиционирајќи елементи од етно-маркетингот во негативна конотација.

„Тие преку користење на провокативни пораки единствено целат кон зголемување на нивните следбеници. Така, со оглед на кревката средина, многу брзо го привлекуваат вниманието на нивните следбеници кои како потрошувачи ги гледаат овие влијателни лица како референтни точки“, вели Зеќири. Професорот посочува дека една од целите на оние кои ја шират кампањата заснована на етнички поделби, е да ја зголемат својата популарност истовремено поткопувајќи го кредибилитетот на брендовите кои се нападнати.

„Ваквите кампањи негативно влијаат на економијата со тоа што ја нарушуваат репутацијата на брендот и ја намалуваат довербата на потрошувачите, особено на етнички мешаните пазари“, вели Зеќири додавајќи дека наместо да ја промовираат вредноста на производот, ваквите кампањи од страна на потрошувачите се перцепираат како дискриминаторски и можат да предизвикаат економски и социјален притисок врз брендовите и самите потрошувачи.„Брендот поврзан со дискриминаторски пораки може да ја изгуби довербата на потрошувачите и да се смета дека поддржува или толерира такво однесување, што го отежнува враќањето на довербата и кредибилитетот“, додава професорот.

Во кампањата се тврди дека албанскиот јазик е единствениот кој се користи во еден од двата маркети. Но, при преглед на профилите на социјалните мрежи, може да се забележи дека содржините во објавите најпрво се напишани на македонски, а потоа и на албански јазик и сите се двојазични | Фото: Принтскрин од Фејсбук

Претседателот на Стопанската комора на северо-западна Македонија, Менди Ќира вели редовно добиваат информации за вакви кампањи, кои според него се сè почесто присутни. Тој потенцира дека конкретната кампања се рефлектира негативно бидејќи факт е оти во маркетите кои се на мета, има вработени и Албанци и Македонци. Тие исто така набавуваат производи и од македонски и од албански компании. Сепак, неговото мислење е дека овие појави се исклучоци и немаат долготраен ефект.

„Овие појави сметам дека се исклучоци и немаат долготраен ефект, а субјектите  што ја играат оваа нечесна игра ќе сфатат дека сите компании се наши компании без разлика дали сопственикот е Албанец или Македонец. Тој исто плаќа данок на државата, придонесува за вработување, за конкуренцијата која дава квалитет и реална цена во пазарот“, вели Ќира. Тој ги повика надлежните институции да реагираат бидејќи оваа појава е штетна и за економијата туку и политиката. „Ние сме мултиетничка заедница и како таква треба да се чуваме за да се развиваме економски“, вели Кира.

Омразата раѓа омраза

Според експертите со кои позборувавме, особено е опасно што ваквите дискриминаторски кампањи поттикнуваат говор на омраза кој е присутен во коментарите од постовите што се дел од кампањата. За потребите на овој напис, Мета.мк контактираше двајца професори од Економскиот факултет при државниот Универзитет Св Кирил и Методиј, како и самиот декан на факултетот, но тие не сакаа јавно да ја коментираат кампањата базирана на етничка основа.

За разлика од нив, професорот Зеќири вели дека „дискриминаторските кампањи можат да го спречат формирањето на партнерства со други компании предизвикувајќи уште поголема штета на угледот на брендот на чувствителните пазари кои се карактеризираат со различна припадност и различни верувања“. Според него, за да се избегнат влијателните маркетинг кампањи кои промовираат дискриминација или пристрасност, мора да постојат јасни етички упатства кои промовираат различност и вклучување на сите заедници.

„Инфлуенсерите мора да бидат свесни за нивното влијание врз широката публика во деловите засновани на културни и социјални аспекти, а особено да внимаваат на етничките разлики“, вели професор Зеќири. Праксата покажува дека ваквите негативни кампањи го нормализираат непријателството, ги зајакнуваат штетните стереотипи и го поттикнуваат менталитетот „ние наспроти нив“.

Тие често го искористуваат стравот, гневот и незадоволството, што ги поттикнува луѓето да ги изразат своите фрустрации преку јазик на омраза.Со засилување на овие пораки, особено на социјалните мрежи, се забрзува ширењето на говорот на омраза создавајќи средина каде што се потврдува поделената и агресивната реторика. Ова создава услови за натамошна уште подлабока поларизација и нетолеранција.

Автор: Деспина Ковачевска, МЕТА.МК

 

Најново

Со Брисел ќе се решава иднината на пругата кон Бугарија, вели Мицкоски

Sase Ivanovski

Становите повторно поскапеа: Најавеното стабилизирање на пазарот е мала утеха за граѓаните

Sase Ivanovski

Јорданскиот министер Ајман Сафади: Израел ризикува регионална војна

Sase Ivanovski

(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Средба на министерот Владо Мисајловски со новиот евроамбасадор Н.Е. Михалис Рокас

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Филипче: Крива Паланка добива пет нови мостови

Sase Ivanovski

Паднал и починал маж од гостиварско додека собирал костени од дрво

Sase Ivanovski

Министерот Тошковски оствари работна средба со амбасадорот на Република Франција, Н.Е. Кристоф Ле Риголер

Sase Ivanovski

Маж се обидел да силува триесет годишна жена во градот Штип

Sase Ivanovski

(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Средба на министерот Владо Мисајловски со амбасадорот на Кралството Шпанија Н.Е. Рафаел Сориано Ортиз

Sase Ivanovski

Во Топ тема вечерва: Општините чекаат одлуки за проектот „ сто милиони за инфраструктурни проекти“, но никој не кажува зошто во буџетот има само седумдесет и пет милиони

Sase Ivanovski

(ФОТО) Со инвестиција од 3,7 милиони евра, Царинската управа ќе работи на воспоставување на нов граничен премин Клепало со Бугарија

Sase Ivanovski

Средба на министерот Орхан Муртезани со д-р Афродита Шаља

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Младо лице снимено како со едната рака вози мотор, со другата лизга куфер на улица “Партизанска” во општина Центар во градот Скопје

Sase Ivanovski

(ФОТО ГАЛЕРИЈА) МЕЏИТИ: НАМАЛУВАЊЕ НА ВЛИЈАНИЕТО ОД КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ, ПРИОРИТЕТ НА ВЛАДАТА

Sase Ivanovski

Лишено од слобода едно лице при извршување тешка кражба во викендица во прилепско

Sase Ivanovski

Дурмиши: Работиме на нови иницијативи со кои ќе ја подобруваме и зголемуваме вработеноста и ќе овозможиме социјална инклузија на пазарот на трудот

Sase Ivanovski

Жена сакала да и отстранат црна магија, била измамена и останала без петнаесет илјади евра

Sase Ivanovski

Секој месец „Среќна 13-ка“ во Спорт Лаиф

Sase Ivanovski

Лавров го предупреди Западот: Не си играјте со оган

Sase Ivanovski

Кузеска: За само сто денови ДПМНЕ ја загрози безбедноста на граѓаните и создаде несигурност по улиците

Sase Ivanovski

Гази Баба ќе дава стипендии за талентирани, спортисти и ученици со посебни потреби

Sase Ivanovski

Јакимовски: ОТВОРЕНА ПРВАТА КАНЦЕЛАРИЈА ЗА РОДИТЕЛСТВО ВО МАКЕДОНИЈА

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) „На кавга со Иван“ гостин Мирјана Најчевска вечерва во живо во 9:30 часот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Попов: Владата исполнува – Поддршка до 30 илјади евра за младите да отворат свој бизнис и 250 евра ваучер за студентите за купување електронски уред

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Долготрајната суша во Колумбија ја намали реката во Амазон исто така отежнати се земјоделските работи и рибарството

Sase Ivanovski

(ФОТО) Ромалитико организира национална конференција за имплементација на политиките за инклузија на ромите

Sase Ivanovski

Реплек Рекорд: 152 претставници на Генерација-РЕ на скопскиот маратон 2024та година

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Родова еднаквост на маратонската арена речиси ист број мажи и жени учествуваа на скопскиот маратон

Sase Ivanovski

Компанијата Google платила 2.7 милијарди долари за да го врати назад на работа стручњакот Ноама Шазера, за вештачка интелигенција “AI”

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Непроценлив музеј, Палата Србија ја отвора својата врата само неколку пати годишно!

Sase Ivanovski

Николовски: Годишнина на УМС на ВМРО-ДПМНЕ!

Sase Ivanovski

Колев: “Стоби” ја прикажа својата последна претстава за оваа година!

Sase Ivanovski

МВР: Приведен српски криумчар на мигранти, пронајдени 11 лица од Сирија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Мицкоски: Со премиерот на Србија Вучевиќ разговаравме за продлабочување на економската соработка помеѓу двете земји

Sase Ivanovski

Јаневска: со 100 процентна посветеност продолжуваме да градиме поквалитетно образование, за подобра иднина на младите во својата земја

Sase Ivanovski

Јанев: Денеска имав можност директно да се уверам со условите со кои се соочуваат колегите од полициско одделение Групчин, полициско одделение Јегуновце, граничен премин Јажинце, полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово и СВР Тетово

Sase Ivanovski

Министерката Божиновска не одговара за нејзината бугарска самосвест оти ја прашувале тие кои посакувале„ заборав на сè што направиле“

Sase Ivanovski

Скопјанец повреден од огнено оружје во Чаир од како одејки пеш, друго лице излегло од возилото и отворило оган кон него

Sase Ivanovski

Додека граѓаните се жалат за високите згради спроти Ист Гејт, инвеститорот чифлиганец за Телма тврди дека се гради законски

Sase Ivanovski

Членовите на француската театарска група „Кидам” ја изведуваа претставата „Сонот на Ербер” со улична парада за време на „Белата ноќ” во градот Скопје 2024та година

Sase Ivanovski

Ахмети не сака ни да слушне за заминувањето на Тачи од Европскиот Фронт, се обидува да го врати назад

Sase Ivanovski

Поранешниот претседател на Србија, Борис Тадиќ стана директор на кинеска компанија за вселенска технологија во Хонг Конг

Sase Ivanovski

САД потрошиле рекордни 17,9 милијарди долари за воена помош за Израел од 7 октомври 2023

Sase Ivanovski

Таравари: На терен се инспектори и членови на Комисијата за да се испитаат сите факти околу смртта на 14 месечното дете

Sase Ivanovski

Американските научници Виктор Амброс и Гери Рувкин ја добија Нобеловата награда за медицина

Sase Ivanovski

Министрите етнички албанци не дојдоа на пречекот на српскиот премиер во градот Скопје

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Јапонскиот уметник Казухиро Котецу со концерт од македонски традиционални песни, придружуван од битолскиот камерен оркестар, по повод 5ти Октомври, светски ден на вранецот

Sase Ivanovski

Се поблиску до камено доба!

Sase Ivanovski

Двајца седумдесетгодишници од Куманово викендов физички се пресметувале, едно лице завршило во болница

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Босна и Херцеговина погодена од силни поплави и временски непогоди, повеќе волонтерски екипи се на терен се трага по изчезнати лица

Sase Ivanovski

Две лица загинаа од како изби пожар во стан во главниот град на Србија, Белград

Sase Ivanovski

Двајца четириестгодишници биле приведени викендов во Куманово откако со меѓусебна тепачка го нарушиле јавниот ред и мир во градот

Sase Ivanovski

Шефот на кабинетот на британскиот премиер поднесе оставка, земала поголема плата од него

Sase Ivanovski

Таксист во градот Скопје наплатил 1.700 денари на австралиски брачен пар за возење од „Ист Гејт” до Железничка

Sase Ivanovski

Земјотрес со јачина од 4,6 степени го погоди Крит

Sase Ivanovski

За една година војна, Израел нападна 40.000 цели на Хамас во Газа

Sase Ivanovski

Горан Герасимовски: Општина Центар и училиштето „Ј. Х. Песталоци“ вечерва беа домаќини на првата едукативна работилница на тема врсничко насилство организирана во рамки на кампањата „Крени глас против врсничко насилство“ на Макпетрол, посветена на едукација на родителите

Sase Ivanovski

„Заедно до крај“ – ова се сопружниците пронајдени прегрнати под урнатините во село Јабланица

Sase Ivanovski

Додека малиот Коста пукал на стрелиште, таткото го бодрел: Тој е мојот мал Легија!

Sase Ivanovski

Русин убиен во Украина – Путин го испрати во затвор, се бореше на страната на Киев

Sase Ivanovski

Забранета за пиење е водата во Гостивар поради зголемено присуство на манган

Sase Ivanovski

Од 2ри до 4ти Октомври во Лисабон се одржа 6ти Европски конгрес за онколошка фармација на кој присуствуваа и наши вработени од одделот за болничка аптека

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Ѓорчев: Ние мораме да бидеме многу будни и внимателни, за да си го сочуваме народот и земјата

Sase Ivanovski

Орбан: Ќе донесеме мигранти од Будимпешта во Брисел и ќе ги оставиме пред канцелариите на ЕУ

Sase Ivanovski

Официјален претставник на Хамас: Смртоносниот напад пред една година го врати Израел на нула

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) „Само Вистина” со Јани Макрадули и Влатко Ѓорчев

Sase Ivanovski

Александар, менаџер на Конти, со детали за аферата која ја тресе Македонија: Не побегнав од земјата, достапен сум за институциите и за јавноста!

Sase Ivanovski

(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Орце Ѓоргиевски: Заедно со министерот за спорт Борко Ристовски, имавме чест да го означиме стартот на овогодинешната најмасовна атлетска манифестација во Македонија, Виз Ер скопски маратон

Sase Ivanovski

(ИНТЕРВЈУ) Апасиев: Знам судии кои плаќале мито на пратеници, а новинари пред мене нарачувале закони од министри!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Фестивал на велешка пита и вино „Питијада 2024“ – гурманска симфонија од вкусови од 11 до 13 октомври во градот Велес!

Sase Ivanovski

(ФОТО ГАЛЕРИЈА) На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

Sase Ivanovski

Градот Штип ќе добие нов парк како што му прилега!

Sase Ivanovski

(ФОТО) Анѓушев на Машински факултет: државата да одреди какви кадри и е потребно да се образоваат за да може да се развива

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Платформата “Conti” тоне, барајте ги да ви ги вратат парите!!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Спектакл во Бундеслигата: Баерн остана без победа во 94 минута

Sase Ivanovski

(ФОТО ГАЛЕРИЈА) ПОДИГНАТИ 50 КУБНИ МЕТРИ ОТПАД ПО ЗАВРШУВАЊЕТО НА СКОПСКИОТ МАРАТОН

Sase Ivanovski

(ФОТО ГАЛЕРИЈА) МИНАТАТА НЕДЕЛА САНКЦИОНИРАНИ СЕ 148 НЕПРОПИСНО ПАРКИРАНИ ВОЗИЛА НА ТЕРИТОРИЈА НА ОПШТИНА ЦЕНТАР

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Околу 14.000 македонци „изгореа“ милиони долари на платформата „Conti“

Sase Ivanovski

Учество на претседателката Сиљановска Давкова на Процесот Брдо-Бриони во Црна Гора

Sase Ivanovski

(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Во одлична атмосфера со присуство на повеќе од 15.000 граѓани се оддржа манифестацијата “Вкусовите на Гази Баба” на плоштадот во општина Автокоманда

Sase Ivanovski
Вчитувам....