Над 200 милиметри дожд наврна во последните 24 часа, пред се на мерните станици во чешките градови Јесеник и Бескидс. – Од средата вечерта на падините на Јесеник наврнаа речиси 450 мм, на сртовите Крконоше околу 400 мм, на Бескидите скоро 300 мм, додека на планините Новохрад и Јизера имаме забележано над 250 мм врнежи, како и во Острава – изјавија утрово од чешкиот хидрометеоролошки завод, а потоа кажаа какви се прогнозите за денеска:
– Денеска ќе наврне во главно до 30 мм, околу 50 мм на планините Јесенице и Крконоше, додека околу 60 мм ќе наврне на планините Јизера. Кај Бескидите врнежите веќе се намалуваат, а денеска ќе наврне само до 5 мм.
Состојбата со поплавите не стивнува, а неколку чешки градови ќе бидат евакуирани.
– Започнува евакуацијата на Чески Тешин на Олша и се подготвува евакуација на Острава и Бохумин – изјави портпаролката.
Во моментов има капацитет од 60 милиони кубни метри вода во акумулациите на басенот Одра.
– Браните и натаму значително ги намалуваат големите количини вода и се безбедни – рече Волчкова. Од почетокот на поплавите, на Лиса Гора во Бескидите наврнале 270 милиметри дожд, односно 270 литри на метар квадратен. Истата ситуација беше и во Шлезиска Острава, додека уште повеќе врнежи беа забележани во Детмаровица кај Карвина – 280 милиметри.
– Во последните 12 часа во Јесенице паднале меѓу 50 и 130 милиметри, а кај Бескидите меѓу 40 и 150 милиметри. За денеска се предвидуваат уште 10 до 20 милиметри кај Бескидите, а до 50 милиметри во Јесенице – додаде портпаролката.
Хидролозите најверојатно ќе треба да го зголемат испуштањето вода од акумулацијата Римов во Чески Будејовице, што ќе го подигне нивото на реката Малша. Најпогодени ќе бидат селата Плав и Рудне кои се под Римово. Во моментов од браната се испуштаат 150 кубни метри вода во секунда, додека дотекот е на ниво од 220 кубни метри во секунда, пренесува Aktualne.cz.
Massive Rain Storm In Europe 🇪🇺
Central & Eastern Europe
🇵🇱Poland, 🇨🇿Czechia, 🇦🇹Austria https://t.co/fkuwT4ZPtS— RobertoBruselas (@BruselasRoberto) September 15, 2024