Пожарот, околу два часа по избувнувањето е во контрола, огнените јазици достигнуваат и до неколку метри, а неофицијално зафатени се и куќи во ретко населениот дел во областа Варнава.Интервенираат над 150 пожарникари со 30 возила, седум авиони и пет хеликоптери и волонтери.Од бројот 112 беа испратени неколку пораки за евакуација на најмалку пет населени места што се во близина.
112 порака атинаЧадот од пожарот што е на околу 40 километри од центарот на Атина веќе покри многу атински населби, вклучително и центарот на градот.Паралелно со пожарот во областа Атика, избувна пожар и на островот Евија, во централниот дел, каде што интервенираат 40 пожарникари со два пешадиски тима, 11 возила и еден хеликоптер, а од бројот 112 беше побаран евакуација на три населени места во непосредна близина.Вчера министерот за климатски кризи и цивилна заштита на Грција Василис Кикиљас свика вонреден состанок поради најавите за екстремни временски услови од денеска во следните денови и поради силниот ветер, многу високите температури и долготрајната суша, што според надлежното Министерство, „ќе создадат експлозивен коктел за појава на опасни пожари, па дури и мегапожари (mega fires)“.