– Ја исполнивме нашата главна цел затоа што го одбранивме животот на претседателот Александар Вучиќ и неговото семејство, а не верувам дека Радоје Звицер и Никола Вушовиќ се сами, бидејќи кој знае кој сѐ уште е таму – изјави денеска премиерката Ана Брнабиќ на ТВ Прва.
Таа посочи дека имала сознанија за планирањето на убиствата и дека претходно зборувала за тоа и додаде дека медиуми и група аналитичари кои ја исмевале, биле платени од српски тајкуни.
– Тоа дополнително отвори простор за такво нешто да се интензивира и дополнително беше неодговорно. Дали сега можеме да слушнеме барем едно извинување, да покажеме дека се одговорни за тоа што го кажале – рече Брнабиќ.
Таа им се заблагодари на припадниците на српските безбедносни служби бидејќи успешно го заштитиле претседателот и неговото семејство.
– За жал, морам да кажам дека опасноста по животот на претседателот не помина. Сторителите се на слобода и надвор од дофатот на службите – рече Брнабиќ.
Таа оцени дека оној кој сака да ја дестабилизира Србија и да ја врати во минатото, „најлесната опција за ова е да работи за главата на Вучиќ“.
– Срамота е кога некој ќе праша зошто не направивме ништо, а имавме информации – па така и направивме. Го спасивме животот на Вучиќ и на неговото семејство. Тоа е континуирана борба – рече српската премиерка.