Градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари денеска се сретна со својата амбасадорката на Сојузна Република Германија во нашата земја, нејзината екселенција, Петра Дрекслер.
На средбата се разговараше за проектите што се реализираат во општина Гостивар и партнерството на ООУ „Исмаил Ќемали“ со Гете Институтот, развојот на спортот и активностите со училиштата, кои се реализираат со ГИЗ, како и Меморандумот за соработка со Оберхаусен за размена на ученици.
Исто така беше посетен и Центарот за аутизам „Blue Puzzle“, каде беше промовирано игралиштето кое беше финансирано со средства на Германската амбасада, како и ресурсниот центар „ICan“.