Како што објавивме и предмалку, активиран е нов пожар на територијата на Пехчево. По најавите дека се мобилизира населението, градоначалникот го вклучи алармот и ги повика никој самоиницијативно да не оди да го гасне пожарот, туку сите доброволци сосебе да понесат лопати и да се сретнат на плоштадот во градот.
„Почитувани граѓани пожарите во Пехчево се сеуште активни!
Сите доброволци за гасење на пожарот во Пехчево да бидат на зборно место плоштад свети Петар и Павле со сеебе да понесат лопати!НАЈСТРОГО СЕ ЗАБРАНУВА САМОИНИЦИЈАТИВНО ОДЕЊЕ ДА СЕ ГАСИ ПОЖАРОТ КРИЗЕН ШТАБ ОПШТИНА ПЕХЧЕВО“, напиша градоначалникот на ФБ.