По успешната реализација минатата година, кога за првпат се одржа оваа средношколска манифестација, продолжуваме со поддршката и мотивацијата на нашите талентирани средношколци да ги промовираат нивните способности во повеќе области од културата. “СРЕДНОЛЕНД“ веќе стана препознатлива манифестација, одраз на средношколската безгрижност, младост и свет на искрените пријателства.
Се надеваме дека публиката во наредните денови ќе ужива во богатата и разновидна културно забавна програма креирана од нашите вредни ученици на средните училишта на Град Скопје.
Настанот кој е инициран од професори и ученици од градските средни училишта, како повеќедневната средношколска манифестација се одржува од 22 до 27 април, на повеќе локации во градот и тоа на Плоштад Македонија, КИЦ, МКЦ и Градски парк – Лепеза.