22.8 C
Скопје
24/06/2024 01:24
МАКТЕЛ

  

     

 

Граѓаните незадоволни од градскиот превоз: Џабе плаќаме месечни билети кога нема редовни автобуси, срамота за ЈСП!

      

Граѓаните прашуваат, негодуваат, реагираат, но никој не ги есапи. Јавното сообраќајно претпријатие што постои токму поради тоа да им обезбедува редовен јавен превоз на скопјани, не им дава никакво објаснување на корисниците на неговите услуги . Зошто два дена го нема автобусот со број 63 во 5.40 часот наутро што трга од Мралино, пак ли немате нафта? 50-ка чекав 30 минути, дали е тоа нормално? Да си ги менаџирате автобусите на линија 2 и 2А или пуштете точен распоред дека ги има на 50 минути или исклучете ја линијата како да не постои. Веќе со месеци возат секој ден по неделен возен ред! А 32-ка ја укинавте? Цел час чекав автобус, од 16 до 17 часот кај Мечкаров во Кисела Вода и не помина ни 24-ка ниедна 58-ца, а потоа дојдоа две 24-ки одеднаш. За џабе вадиме месечни карти кога мора да одиме пеш или да плаќаме за такси, срамота!

   

Ова се само дел од реакциите на скопјани по социјалните мрежи, но и на официјалната страница на Фејсбук на ЈСП „Скопје“. Граѓаните прашуваат, негодуваат, реагираат, но никој не ги есапи. Јавното сообраќајно претпријатие што постои токму поради тоа да им обезбедува редовен јавен превоз на скопјани, не им дава никакво објаснување на корисниците на неговите услуги. Единствените соопштенија што стигнуваат од ЈСП се поврзани со известување дека на празник ќе возат по неделен возен ред, додека за сите други проблеми на граѓаните остануваат неми.

 

Граѓаните што секојдневно користат автобус за да стигнат на своите работни места, на факултет или на училиште или кои имаат некаква здравствена или друга потреба за која им е потребен јавен превоз, во изминатите две години истрпеа многу – штрајкови на приватните превозници, протести на вработените во ЈСП, долго чекање на нередовните автобуси, неиздржлива гужва во возилата. Не дочекаа ни подобри автобуси ни функционален превоз, ниту пак бесплатен превоз, како што им беше ветувано. Во меѓувреме ЈСП „Скопје“ и натаму добива најголеми субвенции од Град Скопје, но тоа нималку не влијае врз условите што им ги нуди на патниците. Возниот парк е застарен, а последната набавка на нови автобуси беше во мандатот на градоначалникот Петре Шилегов, кога се купија 33 возила „ман“. По улиците се тркалаат автобуси стари и по три децении, двокатните возила крцкаат и тропаат.

   

     

Иако претпријатието никогаш јавно не потврди, според изјавите на возачите и на синдикалците нема ниту доволно возачи, а тешко наоѓа и нови. Сепак и од претпријатието и од Град Скопје, во сите нивни ретки досегашни изјави тврдат дека јавниот превоз непречено функционира. Сѐ ним им се мали платите, немаат шофери, немаат нафта, ама нам на работа кога доцниме поради нив, не ги интересира какви проблеми има ЈСП. Срам голем за ЈСП на чело со нивната градоначалничка – коментира Дивна од Скопје. Во нашата редакција вчера повторно реагираа граѓани од населбата Ченто за истиот проблем како пред еден месец, кога тврдеа дека наутро воопшто ги нема автобусите на линија 23 и 45. Тоа се случувало и во изминатите два дена. Овие две автобуски линии ги опслужуваат приватните превозници, па неофицијално се дознава дека тие не возеле затоа што ЈСП не им ги исплаќа средствата за превоз што им ги должи.

Од ЈСП Скопје цел месец нема одговор на прашањето за овој проблем, поточно дали навреме ги исполнува своите обврски кон приватните превозници, поточно дали им се исплатени средствата за превозот и последно за кој месец. Проблем имаат и жителите на Пржино и на Припор, кои со градот се поврзани само со по една автобуска линија, едната населба со 16, а другата со 24. Тие се жалат дека автобусите доаѓаат на повеќе од половина час и дека тоа се повторува секое утро во изминатиот период. Наводно, автобусите биле редуцирани затоа што возачите користеле лански одмори, па нема доволно шофери да се опслужуваат линиите. Не знам колку е тоа точно, оти нема кој да информира, но знам дека секое утро најмалку половина час чекам 24-ка. До кога ќе биде вака со превозот? Навистина е срамно, секој ден нервози – вели Весна од Кисела Вода.

Јавното претпријатие молчи и за овие прашања. Нема одговор зошто не се почитува возниот ред на овие две линии и дали има вистина во тврдењето на граѓаните дека е намален бројот на возила поради одморите. Молчењето и на ЈСП и на Град Скопје нема да ги реши проблемите со превозот, но кога граѓаните не добиваат ништо подобро, заслужуваат барем да добијат објаснувања за она со кое секојдневно се соочуваат.

    

Најново

Видео: Терористи во Русија нападнале црква и синагога, има жртви

Sase Ivanovski

Смокови нападнале гулабарник во штипско Лакавица – пердуви на сите страни

Sase Ivanovski

Терористички напад во Русија – напаѓачи пукале во црква во Дагестан, убиени се двајца полицајци

Sase Ivanovski

„Макрон ја доведе Франција на чекор од напуштање на ЕУ“

Sase Ivanovski

Трамп: Го избрав потпретседателот на САД

Sase Ivanovski

Се подготвува ли местенка на ЕУРО 2024 – на две селекции им одговара 0:0 за 1/8 финале

Sase Ivanovski

ЦУК: 2 225 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во последното деноноќие

Sase Ivanovski

Нетанјаху повтори дека САД ги задржуваат тиспораките на оружје за Израел, откако Вашингтон веќе ги отфрли тие тврдења

Sase Ivanovski

Несреќа во висококатница во Азербејџан – паднал лифтот, во него имало пет жени

Sase Ivanovski

Во Битола контра парада со знамиња со исус и црковни совети за “вистински семејни вредности“

Sase Ivanovski

УШТЕ ЕДНА КОБНА НЕСРЕЌА НА ХАЛКИДИКИ Загина 25-годишен Албанец

Sase Ivanovski

Внук (19) ја нападнал својата баба во Охрид

Sase Ivanovski

„Фајненшл Тајмс“: Србија индиректно извезла муниција во Украина вредна 800 милиони евра

Sase Ivanovski

Бројот на Египќани кои починаа за време на аџилакот во Саудиска Арабија се искачи на 672

Sase Ivanovski

УЕФА го казни и Фудбалскиот сојуз на Албанија

Sase Ivanovski

Компјутерска измама кружи во Албанија, премиерот Рама ги предупреди граѓаните

Sase Ivanovski

Курти со повик до малцинските заедници да се пријавуваат за работа во јавните институции

Sase Ivanovski

Пеп Гвардиола одмора во Дубровник

Sase Ivanovski

Руско МО: САД сносат „одговорност“ за нападот на Украина на Крим

Sase Ivanovski

„Не се штедете“! – Петар Ниновски и Живко Мукаетов ги советуваа младите на денешната конференција „Чувари на мудроста“

Sase Ivanovski

VIKING CRUISES – Доаѓаат два нови брода

Sase Ivanovski

Со новиот српски воз од Белград до Скопје ќе се патува за помалку од два часа

Sase Ivanovski

ФЗО НЕ ПРАВЕЛ КОНТРОЛА КАКО СЕ ТРОШЕЛЕ ПАРИТЕ ЗА ЗДРАВСТВО Алармантен извештај на Државниот завод за ревизија

Sase Ivanovski

БИТИЌИ ВЕЛИ ВО ИЗБОРНА КАМПАЊА СЕ ВОДИ ЛИЧНА БИТКА Еден од кандидатите за лидер не верува во социјалдемократските вредности

Sase Ivanovski

Галант: Израел е подготвен за „секаква акција што може да биде неопходна во Газа, Либан и дополнителни подрачја“

Sase Ivanovski

Зелените со амбиција да станат дел од мнозинство во Европскиот парламент

Sase Ivanovski

Олена Зеленска: Најлошо е ноќе, плачам и внимавам децата да не ме видат

Sase Ivanovski

Мисајловски: Ќе го вратиме достоинството на Армијата

Sase Ivanovski

Стојаноска: Кадрите за министри во новата Влада на ВМРО-ДПМНЕ се чесни, вредни, посветени и екстремно подготвени

Sase Ivanovski

Земјотрес со јачина од 6,1 степен по Рихтер ја погоди Венецуела

Sase Ivanovski

Ристески: Ќе покажеме дека не се сите исти

Sase Ivanovski

Муцунски: Да ги исполниме стратешките цели и да ги одбраниме идентитетските прашања, а дипломатијата да ја употребиме во функција на економијата

Sase Ivanovski

Поради обилни врнежи и блокирани патишта, сообраќајот од Велес и од Куманово кон Скопје се пренасочува од Хиподром кон обиколницата

Sase Ivanovski

Тренчевска: Нема нов почеток со стари корумпирани кадри

Sase Ivanovski

Стејт департмент: Изјавата на Мицкоски за употребата на името е во согласност со договорот

Sase Ivanovski

Почина поранешниот пратеник од Кочани, Миле Андонов

Sase Ivanovski

Деспотовски: Мора да обезбедиме секој член што сака да гласа, да гласа

Sase Ivanovski

Нападнат е Киев – ранети најмалку две лица, ракети летале околу станбени згради

Sase Ivanovski

Адвокатски тим бесплатно ќе ја брани жената од Кратово која им пресуди на сопругот и свекорот

Sase Ivanovski

Лукаревска: За неколку дена ВМРО-ДПМНЕ погазија многу ветувања

Sase Ivanovski

Тетовци ги санираат последиците од големото невреме

Sase Ivanovski

Битиќи: Размислувам за кандидатура за лидер на СДСМ, но на партијата не и се потребни дополнителни поделби

Sase Ivanovski

ЦЕЛА УЛИЦА СО РАСФРЛЕНИ БЛОКОВИ ОД ЛИМ Невремето направи хаос и во Аеродром

Sase Ivanovski

Одрони и помали свлечишта од наплатна станица Глумово до Карпалак и Групчин

Sase Ivanovski

Претрес во Тетово, пронајдена дрога

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Валдера ја промовираше новата песна “Заборави”

Sase Ivanovski

СВЛЕЧИШТЕ НА АВТОПАТОТ СКОПЈЕ-ТЕТОВО Возилата не можат да се движат

Sase Ivanovski

Крмов побара од Мицкоски да даде заклетва без Северна

Sase Ivanovski

АЈДЕ НЕКА Е ЗА АРНО, ЗА УБАВО, ОД ВЕЧЕРВА МИЦКОВСКИ Е ПРЕМИЕР: Собранието избра Влада на Република Северна Македонија

Sase Ivanovski

Мицкоски: Ќе морам да ја кажам таа срамна придавка

Sase Ivanovski

Гаши: Владата ќе се гласа најдоцна до 23 часот, можно е пак да снема струја

Sase Ivanovski

ЦУК: Во поплавена куќа во Јегуновце има заглавено семејство

Sase Ivanovski

БОГОЈЕСКИ: ЕДНА ИСТОРИСКА ФОТОГРАФИЈА за моите правнуци… дедо Петар сликан со легендарниот пловен дрон Stalker 5.0 – Made in Ukraine, со кој е потопена 60% од руската црноморска флота – Черноморский флот ВМФ России

Sase Ivanovski

БОГОЈЕСКИ: Проблемот е што нема да имаме КРЕДИБИЛНА опозиција, што е опасно по државноста!

Sase Ivanovski

Бизнисменот Јахоски се придружува на коалицијата на Мицкоски?

Sase Ivanovski

Поплавени подруми и куќи во Тетово – барање да се исклучи струјата во градот, има опасност од струен удар

Sase Ivanovski

Нимиц: Употребата на уставното име во писмена, но не и во усна форма ќе предизвика континуирани проблеми и конфузија

Sase Ivanovski

Екс пратеникот од СДСМ паднал од кровот на викендичката на Осогово и починал

Sase Ivanovski

Поплавени куќи во Тетовско, пожарникарите бараат исклучување на струјата во градот

Sase Ivanovski

ЛУД ДИЗАЈН НА ЗГРАДА ВО ЗЛАТИБОР

Sase Ivanovski

Почина осуммесечно бебе на пат кон скопските клиники – било неухрането

Sase Ivanovski

НЕВРЕМЕ ВО СКОПЈЕ Во градот е хаос, паднати паноа, дрвја, сообраќајот е парализиран

Sase Ivanovski

Почина Исуф Кадриу, беше уредник на Алсат и дописник на РСЕ

Sase Ivanovski

Мисовски: Направивте општа хистерија дека ќе го вратите името и ќе го поништите Договорот со Бугарија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Стојан Андов беше еден од ретките политичари кој има дадено оставка од функција во Македонија

Sase Ivanovski

Филипче: Формирањето на Комисијата за етика е чекор кон создавање подемократска и поодговорна СДСМ

Sase Ivanovski

МНР ги повикува македонските државјани да го напуштат Либан

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Километарска колона на влез во Скопје кај Автокоманда – причина е падната метална ограда од надвозник, паднати дрва и големи езера во кои пропаднаа коли и се расипаа

Sase Ivanovski

Синдром на неказнивост

Sase Ivanovski

Град Скопје: Општините а не градот е надлежен за дератизација или постапување во случаи со змии, други влекачи или глодари

Sase Ivanovski

Цистерна се превртела на автопатот Градско – Велес

Sase Ivanovski

Контраадмиралот Риналди нов командант на Операцијата на ЕУ во Медитеранот „Ирини“

Sase Ivanovski

СИРИЗА: Го осудуваме новото прекршување на Договорот од Преспа од господинот Мицкоски

Sase Ivanovski

Младата Мартина од Битола е девојката која загина во Грција Трите нејзини другарки се во болница

Sase Ivanovski

Инфраструктурните проекти кои сега ги ветува ВМРО-ДПМНЕ се почнати од владата на СДСМ, рече Ковачевски

Sase Ivanovski

Родители, не ги отфрлајте вашите деца, бидете спектакуларно непослушни – Парада на гордоста во Скопје

Sase Ivanovski

Не чекајте како мене 44 години, не барајте изговори, станете татковци – нема поубаво: Марко „Дај побрзај“ за татковството

Sase Ivanovski

(ФОТО) ЖЕШКО СЕЛФИ ОД АМАЛФИ Џеј Ло не крие дека ужива сама на јахта

Sase Ivanovski

ОСМИ ПО РЕД Нов напад врз украинската енергетска инфраструктура

Sase Ivanovski

(ФОТО) ИЗГОРЕА ТРИ КУЌИ, ДВАЈЦА СЕ СО ИЗГОРЕНИЦИ Пожар во Струмица

Sase Ivanovski
Вчитувам....