Започна судењето на Доминик Пелико (71) кој ја дрогирал сопругата и поканил над 80 странци да ја силуваат во нивниот дом во невидено злосторство кое се случувало во текот на повеќе од десет години. Судењето, кое започна во понеделникот, го привлече вниманието на целата земја и целосно го окупираше малиот град во кој се случувало.
Околу 50 мажи се обвинети за учество во силувањата. Додека се одвиваше процесот пред судот, граѓани облечени во црно го изразија својот протест, згрозени од ситуацијата. Според увидот на полицијата, Доминик Пеликот со години кршел лекови за смирување и апчиња за спиење и ги мешал во вечерата на неговата сопруга со години во нивниот дом во Мазан, Прованса. Таткото на три деца потоа користел онлајн форум за да регрутира мажи кои фантазирале за секс со онесвестена личност и ги канел во својот дом.
Им давал инструкции да не пушат или да носат парфем за да не го забележи неговата сопруга. Во случај неговата сопруга да се помрдне, тие веднаш морале да излезат надвор. Судијата Роже Арата ја исполни желбата на жртвата Жизел Пелико судењето да биде јавно, иако нејзините адвокати претходно ја предупредиле дека ја чека голгота.
– Сакам да биде јавно за сите да им ги откријат имињата и да знаат. Ќе биде јавно оти токму тоа е она што силувачите не би сакале да се случи – изјавила Пелико.
„Мојата клиентка за прв пат ќе ги погледне и наново ќе ги преживуба силувањата што ги трпела повеќе од 10 години“, изјави нејзиниот адвокат за АФП, додавајќи дека таа не се сеќава на ништо и но дека инсистирала дека не сака судење зад затворени врати „бидејќи силувачите тоа го сакаат“.
Како се открило…Доминик Пелико беше уапсен на 2 ноември 2020 година, откако обезбедувањето на супермаркет го фатило како снима жени ппд нивните здолништа. Полицијата пронашла датотека со наслов „злоупотреби“ на USB стик поврзан со неговиот компјутер во кој имало преку 20.000 слики и видеа од неговата сопруга која била силувана над 100 пати. Вината му ја признал и на адвокатот на кого му рекол „Ја заспав, ја понудив и снимав“.
Во една година тој нашол над 450 апчиња за спиење. На обвинителната клупа со него има уште 50 луѓе. Меѓу нив локален советник, поранешен полицаец, затворски чувар, новинар, војник, пожарникар, од кои многумина живееле околу Мазан, кој има околу 6.000 жители. Обвинетите се на возраст од 26 до 73 години. Некои од обвинетите ги негираа обвинувањата, велејќи дека не знаеле дека жената не знаела за договорот и го обвиниле Доминик дека ги измамил. Детективите од снимките не успеале да идентификуваат околу 30 сторители.
Инспекторите рекле дека жената немала поим дека е жртва на силување и дека била „дрогирана до коматозна состојба“. Едно утро во паника се разбудила со нова фризура бидејќи не можела да се сети дека била на фризер и фризерката подоцна и потврдила дека дошла. Имала празнини во меморијата и почнала да се плаши дека има болест, а нејзиното семејство се сомневало дека е Алцхајмерова болест.