Артан Груби – прв вицепремиер
Со поклонување им се заблагодарувам на граѓаните на Тетово за одличната организација на овие средби во текот на целата недела. Имавме криза со нашите административци, со нивната распределба и унапредување, го имплементиравме албанскиот јазик, формиравме институции, го попишавме населението, ги надминавме сите предизвици и проблеми, дизајниравме големи проекти како што се Коридорот 8, сувото пристаниште, Шар Планина ја направивме Националнен парк, го направиме нашиот Ансамбл на песни и ора. Дополнително ја менаџирав енергетската криза, ја зголемив минималната плата, ја намалив невработеноста. Во буџетот за 2023 година се предвидени 300 милиони евра за Коридорот 8, голем проект, многу инвестициски пари за музичкиот театар, за библиотеката што се подготвува, дополнителни пари за болницата во Кичево и многу други. Можам да наведам многу нови инвестиции во слободната економска зона, намалени цени на прехранбените производи, намалени маржи за помош на нашите граѓани.
Тоа е направено благодарение на доброто управување на нашите министри. Го основавме Универзитетот „Мајка Тереза“, училиштето во Речица и Визбергово, а да не зборуваме за заедничкото основно училиште. Бујар денеска го води ОБСЕ. Воспоставивме стратешки дијалог со САД, влеговме во НАТО, го одобривме договорот за добрососедство со Бугарија, така што денеска ја водиме оваа земја кон ЕУ. Кога во регионот како Косово, Босна, Црна Гора или Бугарија имаме конфликти и несогласувања, кога на Русија и требаат жаришта, овде не ни требаат. Овде ни треба мир, стабилност и безбедност, бидејќи оваа година ќе продолжам со реализација на многу прогресивни проекти за Северна Македонија.
Веројатно вчера ги слушнавте изјавите на македонските политичари кои велеа дека ОВК не победила во војната, а покрај нив има и други кои ја практикуваат истата политика на поделби. Не бидете како нив, затоа што ни треба единство, заедно со лидерите, студентите и интелектуалците кои се крило на ДУИ. Често мислам дека најважните дела за Албанците почнаа овде од Тетово, вклучително и јазикот, знамето, универзитетот. Претседателот вели кога ќе започнете една работа, размислете како ќе испадне?! Да размислиме што ќе им кажат нашите деца на идните генерации кои денес стојат зад мисијата на лидерот, Али Ахмети, рече Груби.